БОМБА НА САШО ОРДАНОВСКИ: Му честитам на Орце Камчев, на маестрален ПР начин со помош на ВМРО ДПМНЕ и разни новинарчиња, успеа од мафијаш да се претвори во жртва, да го убие СЈО и на пат е да ја сруши и владата за да го спаси украденото!!!

Објавено на 20.11.2019 во 12:36:04 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Уште во раните најави на скандалот „Рекет“ беше јасно – за оние кои сакаа тоа да го сфатат – дека целта на планирањето и внимателната изведба на целата афера е двојна: дискредитирање и уривање на СЈО; а потоа и пад на Зоран Заев од власт.

Со срамната дискредитација и исчезнувањето на СЈО од правниот систем во Македонија, првата цел е остварена. Сега следува следната фаза, која ќе се одвива низ самиот судски процес, но и со дополнителни кики-фрики „дотурања гориво“ од страна, по потреба, со цел нов репертоар на снимки, шпекулации, непријатни вистини, полувистини и тотални лаги коишто, добро пропагандно темпирани и промешани во „блендерот“ на социјалните и класичните медиуми, во крајна линија, треба да го одредат губитникот на предвремените парламентарни избори во април. Заев.

Мислам дека, како што е темелно и стручно подготвена оваа операција, во домот на Водно веќе е испланиран и огнометот за прослава на тој пад што, речиси неизбежно, ќе следува.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Јавноста е веќе извонредно препарирана, ставена е во „тунел“ од кој има излез само од задната страна: обвинетите во процесот – од кои двајца прво-обвинети уште немаат дадено ни исказ по точките на обвинувањата, а детално им се проанализираа и докажаа не само наводните криминали, туку и содржината на дебелите црева! – се веќе прогласени за виновни. Останува да се види само уште на колку ќе бидат осудени. Како во ниту еден претходен случај на СЈО, на пример – каде што докажаните и сè уште недокажани гревови на обвинетите се далеку подраматични по судбината на државата – во „Рекет“ пресумпцијата на невиност на обвинетите е сведена на апсолутна нула! Во тоа учествуваше и речиси целата стручна јавност во Македонија, на чело со целокупната правна медиумска естрада.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет