Почитуван Гошев, те молам немој да ме разочаруваш, имам огромен респект за тебе, ти си една ретка политичка икона во нашата политичка сцена

Објавено на 20.11.2019 во 12:57:42 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во политиката не важи изреката ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ, напротив, во политиката важи онаа на Черчил - владеј според она што го имаш во рацете и на терен а не како би сакал да изгледа светот. Или она познато ако животот ти дава лимони напрај си лимонада и не сонувај за пиво или вино.

Го слушам почитуваниот Петар Гошев овие неколку дена на тв во разни дебати и човекот со дрва камења па дури и гнев тргнал кон владата на Заев.

Зошто почитуван Гошев, зарем дојде време и ти да не разочараш?!?! Зарем и ти кој те сметаме за икона на македонската политика?! Еден од ретките од старата гарда кој до крај остана верен на интересите на народот и од политиката излезе посиромав од што влезе?

Иако можеше да имаш се, да бидеш побогат и до Љубчо и од Бранко и од Грујо и од Сашо заедно?! Одби да бидеш премиер во 90-тите затоа што не сакаше да бидеш популист иако во тоа време во 90-тите начинот на кој се менаџираше со народните пари е далеку потаен и можностите за проценти и кражба беа 100 пати поголеми од што се денеска?

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Значи личниот интегритет на Петар Гошев е идеал и водилка за сите сегашни и идни политичари нема збор за тоа иако секако имаше обиди и за негово оцрнување, но тоа не фати корен во јавноста.

Човекот е чист како солза, неговата одбивност кон криминал дури е пренагласена и симпатична, епски се неговите битки со газда Нини за спас на Македонска Банка односно штедните влогови во банката кои сакаше српскиот мангуп да ги мазне.

Но тоа не значи дека ниту еден Гошев не може да згреши во политичка анализа. Овие денови тој го прави токму тоа. Не ја гледа шумата се загледал во едно криво дрво а тоа укинувањето на пропорционалниот данок и толку се налутил што решил ВМРО да го враќа на власт. 

А не гледа стариот Гошев што прави една Мила Царовска, што прави еден Сугаревски па дури и што прави еден Анѓушев, таков целкиот капиталистичи елитистички оцрнет од левичарите, но реалноста е дека оваа влада истури стотици милиони евра за обичниот народ.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ефтина струја, укинување на давачка за МРТ, зголемување социјална помош, детски додаток за 30 000 деца, миимална плата покачена за 100е, пензии покачени, плати покачени за 100е, намалени казните за 50%, намалени процентите за извршителите, ќе се намалува цената на парното, Петре работи на тоа упорно со месеци, субвенции за инвертери, печки на пелети, точаци, субвенции за нови бизниси, младински додаток од 50е за младите кои работат во машинство и фабрики итн итн....

Ова значи подобрување на квалитетот на живот на стотици илјади народ во земјава, Гошев како левичар и тоа закоравен, би требало да се гордее што помогнал ваква влада да дојде на власт.

Здравството исто помогнато значително, укинати квоти за лекови во аптеки, хеликоптери ќе ги носат болните од малите градови до Клинички Центар во Скопје, почна изградба на нов клинички центар вреден пола милијарда евра...

Општините се одглавени од долгови тоа значи подобри услови за живот во локалните средини, сега стартува нов проект вреден 70 милиони евра за 450 километри локални патишта, веќе се изградија и реновираа 500 километри патишта вредни 800 милиона евра, тоа значи заштеда за амортизација, и превенција од несреќи за многу наши граѓани.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Стабилизиран е јавниот долг, стабилизирани се јавните фондови, дупките во тие фондови се намалени, се работи на многу полиња, само во судството и медиумите заглавивме поради икс причини, но во сите други сектори одиме напред со солидна брзина. На меѓународен план не сакам ни да почнувам да пишувам што направи оваа влада. Ниту пак на тема безбедност, демократија, слободи, човекови права...

Уште еднаш да ја споменам Мила Царовска. Илјадници деца се извадени од оние казамати наречени домови за ова и она и се однесени во мали групни семејства каде тие дечиња наместо во затвори ќе растат во свои домови и семејства. Триплирани се бројот на сместувалишта за бездомници. Има сега и старечка пензија. Решени се сите стечајци. Покачени се платите во образование, во АРМ, лекарите се платени подобро за да се повеќе мотивирани да го лечат народот, платени се добро и медицинските сестри. Па зарем ова не е солидно левичарење почитуван Гошев?

Зошто еден умен искусен Петар Гошев ова не го гледа? Зарем ќе настојуваме се да биде идеално и ако нешто се згреши тогаш се е црно и ништо не е направено?! По таа ли логика ќе се водиме во животот?!

Те молам почитуван Гошев имај ги на ум сите овие работи и гледај ја големата слика, те молам не помагај ВМРО и апашите да се вратат на власт, те молам Гошев не ме разочарувај!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија