ЖЕСТОКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ОРДАНОВСКИ: Молам бога да не исчезне стенограмот од 4 часовното сведочење на Катица Јанева во ОЈО, тука се крие причината за нејзиното апсење!

Објавено на 20.11.2019 во 19:44:46 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Сашо Ордановски, пак, новинар кој претходно работеше во 1 ТВ, за случајот „Рекет“, има сосема спротивставен став од оној на Димовски. Во својата колумна Ордановски вели оти целиот државен апарат се ставил на услуга на Јордан Камчев, со цел власта пред меѓународната заедница да докаже дека правната држава профункционирала. Но упати и молба, да се обезбедуваат архивите на обвинителството за да не исчезне записот од сведочењето на Јанева пред да биде уапсена.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

-Ги молам оние кои се задолжени за чување на архивите во Обвинителството да се погрижат за тоа миракулно да не исчезне четиричасовното сведочење на г-ѓа Јанева, во присуство и на адвокатот Стеван Павлески, дадено пред обвинителите дента пред да биде уапсена. Ќе ни треба тој запис, за еден ден, кога ќе се прави реконструкција на целиот овој скандал, да сфатиме зошто, всушност, е направена целата оваа операција и кој каква улога играл во неа. Бидејќи, не верувам дека тој богат исказ на обвинетата Катица ќе го чуеме и во судницата. Во тој записник – занимливо, единствениот кој не протече во јавноста – би требало да ги има одговорите на многу дилеми за хаваријата што го снајде СЈО, а се заканува да „проголта“ многумина кои се надеваат дека ќе се спасат и пред да почне судењето.

Иако не делат исто мислење, и Димовски и Ордановски, тврдат дека има обиди некој нешто да затскрие.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет