Заев се сретна со пратеници од албанскиот Парламент

Објавено на 20.11.2019 во 21:32:11 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на пратеници од албанскиот Парламент, предводена од претседателката на парламентраната Комисија за надворешни работи, Мими Кодели.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата е изразена силна поддршка за политиките на премиерот Заев за развој на нашата држава и за градење пријателства со соседите и во регионот.

– Оценето е дека прогресивните политики на премиерот Заев се пример за лидерство какво што им е потребно на граѓаните и дека придонесуваат за перспективите на Република Северна Македонија, но и на целиот регион, се посочува во соопштението.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

На состанокот, како што се наведува, е заеднички констатирано дека билатералната соработка меѓу двете држави е одлична и дека унапредувањето на регионалната соработка е доказ за капацитетите на државите од Западен Балкан, да делуваат самостојно во подобрувањето на животот на граѓаните.

Изразена е заедничка согласност дека треба да продолжат политиките на отворени врати на самиот Балкан и кон Европа, бидејќи евроатлантските интеграции се иднината на Република Северна Македонија, на Република Албанија и на целиот регион.

– Ние покажавме дека со позитивните промени и лидерства, се менуваме како држави во регионот, и низ политиките на изнаоѓање решенија, на пријателства и на соработка имаме што да ѝ дадеме на Европа и дека сме дел од Европа. Ќе ја продолжиме динамиката на регионалната соработка со насочување на институциите поактивно да соработуваат и низ олеснувањата на процедурите за премин на граничните премини, како што е проектот one stopshop. Да продолжиме со реформите, посебно во правосудството. Парламентите се многу важни во носењето позитивни одлуки за граѓаните, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано за реформите во правосудството и за можноста за размена на искуства со цел ефикасни правосудни системи. Премиерот Заев се заблагодари за поддршката Албанија како соседска држава која меѓу првите го ратификуваше Протоколот за членство на нашата држава во НАТО, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во делегацијата беа вклучени и пратеници од албанската опозиција, како и првиот пратеник од македонското национално малцинство во Албанија.

На состанокот со премиерот Заев е констатирано дека добрите односи помеѓу премиерите на двете држави придонесуваат во унапредувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, се посочува во соопштението.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет