НОВИНАРИТЕ СЕ ПРЕТЕРАА: Објавената фотографија од Јанева од терасата во домот е тежок напад врз приватноста

Објавено на 22.11.2019 во 14:06:00 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Денеска повеќе медиуми објавија фотографија од поранешната јавна обвинителка Катица Јанева, од терасата на нејзиниот дом, откако таа беше пуштена во домашен притвор. Објавувањето на фотографијата не е од јавен интерес и претставува тежок напад врз приватноста.

Фотографирањето на Катица Јанева, од како што се вели во текстот, „своите соседи и споделување на социјалните мрежи“ е казниво според Кривичниот законик на РМ, како кривично дело против личните права. Но, не може да се тврди, дали тоа навистина биле соседите.

„Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, се вели во член 152 во Кривичниот закон.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
Со преземањето на фотографијата од страна на медиумите, и нејзино објавување заедно со адресата на живеење се кршат многу членови од Законот за заштита на лични податоци.

„Новинарот не смее да влезе и снима во домовите или пак да ги снима пациентите во болниците или затворениците во затворите без нивна претходно добиена согласност. Согласноста на субјектот на личните податоци е начелото кое мора да се почитува. Во случаи кога пациентите во здравствените установи или затворениците во затворите немаат целосна деловна способност, согласноста мора да се бара од нивните старатели или законски застапници“, се вели во Законот во делот на Заштита на приватноста на домот или престојувалиштето.

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

За да снимате во затвор ви треба согласност, бидејќи и за затворската ќелија, и за домашниот притвор важи начелото на неповредливост на домот, кој во овој случај со фотографијата на терасата од домот, се крши. Објавената адреса со фотографија од зградата, исто така е откривање на личен податок.

Согласно Законот за лични податоци, „снимањето и објавувањето на податоци за лица против кои се води судска или управна постапка е спротивно од Законот за заштита на личните податоци особено ако се земе предвид и непочитувањето на начелото за презумпција на невиност“.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Имајќи ги предвид сите укажани законски прекршување, објавената фотографија и откривањето на личните податоци за поранешната специјална обвинителка, не е ништо друго освен длабока повреда на нејзината приватност и потенцијал за загрозување на личната безбедност. Согласно членот 8 од Европската конвенција за човекови права „секој има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот.

извор: МЕТА

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет