Знаете ли што е тајната на успехот во животот? Ова за клинците што сега сонуваат еден ден да бидат успешни богати и славни, но и за малку постарите, никогаш не е доцна да успеете во животот

Објавено на 30.11.2019 во 17:50:02 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Кога сте млади не сте свесни колку е важно да имате ментален капацитет да станете рано на сабајле и после да го истерате денот без разлика што не сте баш доспани и одморени.
 
Но подоцна ќе разберете дека речиси се се сведува на тоа, дали можете да станете малку порано или пак на време и да го истерате денот иако можеби дента не се чувствувате добро, не ви се работи итн...
 
За да можете тоа да го направите најдобро е да изберете професија која ја сакате па тоа малку ќе ви помогне во маката која се вика РАБОТА и тоа брза, тешка, квалитетна, со концентрација без разлика дали се чувствувате среќно, тажно, дали нешто ве боли итн итн...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Во основата на сето тоа е дали како мали сте научени малку да истрпите мака и да се помирите со маката како процес.

Не е доволно само да осетите мака, проблемот е како ја примате маката како дел од животот.

Ако цел живот бегате од мака како ѓавол од крст, пак ќе имате проблеми во животот.

Се додека не се помирите со фактот дека маката е дел од животот и дека маката е дури неопходна за да успеете во животот, се дотогаш ќе имате големи проблеми да успеете и да имате пари и слава и убав живот.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Да го научите телото и мозокот дека дел од денот ќе треба да се чувствувате нелагодно, дека ќе треба да издржите физички и ментален напор е основното нешто што треба да го научите како млад.

Без разлика колку талент и да имате, колку и врски да имате, колку и добра стартна позиција да имате, се додека не разберете дека маката е клучниот ЗАЧИН и не се навикнете на маката и нсе помирите со маката, нема да успеете во животот.

Нема да имате убава кариера, ниту бизнис, ниту продукт, нити во спортот ќе успеете нити во уметноста нити во политиката...

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

------------------------------------------------------------------------------------------------

Освен маката, потребно е да имате и дебели нерви. Филмовите не учат да бидеме херои и да ги решаваме проблемите со драма и со физичка и вербална пресметка но тоа треба да се зибегнува по секоја цена, секогаш.

Затворите се полни со такви херои кои за еден момент краток фитил уништиле свои и животите на своите најблиски особено на своите деца кои ги оставиле да растат пред татко ли мајка...

Секако амбицијата и фантазијата се битни, но без напор без спремност да се претрпи мака и без дебели нерви да се издржи некој момент кога работите ќе излезат од контрола, успехот ќе биде само далечен сон.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

------------------------------------------------------------------------------------------------

 Потребни се и пријатели или добар рејтинг во јавноста. Јавноста за вас треба да има мислење дека сте чесен и човек од збор, затоа ќе ви дадат пари на заем, кредит кој можеби не го заслужувате, опрема на заем, канцеларии на заем итн итн...

А тоа е многу битно ако немате зад себе силен грб како што е случајот со над 90% од случаите. Малку се тие што зад себе имаат успешни родители кои се добро поврзани и имаат и капитал да им помогнат на своите деца.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Секако, голем дел од тоа да се успее во животот е да се има трпение да се дочека тој момент. Ако немате трпение, тогаш нема да може да се посветите на вредна работа и да чекате успехот да дојде, за многу кариери успехот му треба време за да пристигне, од 1 до 10 години, зависи каква кариера бркате, во бизнисот, спортот, медицината, глумата, музиката итн итн...
 
За да имате трпение тогаш ќе мора да се навикнете да скромна облека, скромна храна и глад, скромен мал стан и пред се и над се САМОТИЈАТА. Сиромаштијата и самотијата одат рака под рака, кога немате пари не може да одите на одмори, да одите во дискотеки да правите домашни забави да бидете дел од големи социјални кругови... Тие што ја трпат самотијата на долг рок ќе дочекаат и да бидат успешни, тие што ќе испаничат ќе мора да се откажат од бркањето успех и ќе мора да се задоволат со врски од очај кои ќе родат само недоразбирања и караници и ќе ве одалечат од успехот...
 
Влегувајте во врски само од љубов не од очај и од страв дека ве плаши самотијата. Додека сте сами не паѓајте во депресија туку читајте книги и спремајте се за успехот, гледајте мотивациони видеа, сонувајте, фантазирајте и мачете се со првите почетоци од кариерата и сонот кој го имате, тогаш е најдобро за тоа затоа што немате деца и жена за да имате обврски и да мора да го усогласувате тајмингот и обврските, самотијата носи со себе и слобода и 24/7 време да се посветите на своите соништа.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 Имајте план Б и план Ц ако не во успее првата идеја. Во денешното глобално село, каде цел свет ви е на дофат, не е лошо кога сте млади да научите некој занает кој ќе ви обезбеди живеачка каде и да ве фрли авион во светот. А тоа е возење кола и камион, правење пица, работа во сенвичара, шишање, келнерство, шанкерство, ѕидарство, столарство, кречење-молерисување итн итн...
 
Запаметете дека во цел свет мора луѓето да јадат хамбургери и пици, мора да се шишаат, мора да се возат во такси или да се носи некаде роба, сите имаат потреба од куќи и да јадат во ресторани, па ако уште млад научите некоја од овие професии ќе имате резерва во џебот за да можете да се храните и себе и цела фамилија ако плановите ви тргнат во погрешна насока, никогаш нема да мора да бидете бездомник и да питате. Овие резервни професии ќе ви дадат време да се кренете на нозе и пак да тргнете во нови соништа и бркање на успехот.

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Бидете љубопитни, не го губете времето на глупосто како гледање филмови или спорт на телевизија. Се каам што сум потрошил денови и денови во гледање разни лиги на шампиони, светски и европски првенства, летни и зимски олимпијади, формули, тениси и разни срања. Тоа време сум можел да учам некој занает за да ми се најде кога потоа ќе акав по светот.
 
Со тоа се стекнува у работна навика, интеракцијата со луѓе ти ја дава и уличната школа која е многу потребна, наивните ќе настрадаат затоа што треба да знаете дека светот е полн со прекрасни и хумани луѓе но исто толку ако не и повеќе има злобни гадови и лудаци кои само чекаат да ви ја одерат кожата. Толку за денеска, друг пат повеќе дечки, со среќа, ќе ви треба.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија