Дојде време и јас да го пофалам ВМРО ДПМНЕ за нешто

Објавено на 01.12.2019 во 16:09:01 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Досега бев два пати на прес конференција на Христијан Мицковски во седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

И морам да признаам дека сум пријатно изненаден од промената која владее во партијата.

Порано додека трчав по Груевски ме лактаа и ме гураа и ми се закануваа разни сомнителни батиња, што ли ќе се случеше ако тогаш отидев на прес на Грујо во белата палата, може само да замислиме, никад немаше жив да излезам од таму.

Сега владее една многу опуштена атмосфера па дури тоа што се портири чувари и разен стаф низ седиштето ме поздравуваат ми кажуваат каде е прес салата, со добар ден како сте ова она, навистина нешто шокантно...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ете редно време беше и јас за нешто да ги пофалам ВМРО ДПМНЕ да не каже некој дена имам некаква агенда само да плукам по нив и да ги напаѓам еве знам и да пофалам.

Јас фалев дел од политиките на ВМРО ДПМНЕ уште кога беа на власт, ги пофалив новите автобуси во Скопје, ја фалев политиката со привлекување странски инвестиции, ми се допаѓаше мерката за дозвола за увоз на стари коли за народот да ги смени југовците со голф тројки и четворки итн итн...

Ми се допаѓаа и инвестициите во државна кардиохирургија, ваучерите за компјутери за апсолвенти, набавката на нови возови, и редица на други добри идеи како на пример и субвенциите во земјоделието, грантовите за старт на нови бизниси...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Да видиме како понатаму ВМРО ДПМНЕ ќе се трансформира и колку ќе се дистанцира од Груевски и ерата на режимот, ќе треба многу да не убедат дека се реформирана партијаа, но има некои мали поместувања и ферски е да ги репортираме пред јавноста.

Секако, прашање е колку е сето тоа и глума како што рекол нашиот народ, дај му на човек власт за да му видиш памет... Ние 12 години им дадодме власт и се изгоревме многу и сега ќе дуваме и на јогурт и тоа во ВМРО треба да го имаат на ум кога ќе се соочат со силен критицизам од јавноста и доза на недоверба кон нив.

п.с Кога ќе размислам, оваа пофалба и не е баш пофалба туку е критика за една партија. Замислете ја фалите што сте си поминале културно на прес што не сте биле претепани или ликвидирани затоа што сте познат критичар на таа партија :D

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија