ВМРО И МАФИЈАТА ВО ПАНИКА - ПОЧНА ВЕТИНГОТ: Антикорупциска ќе ги проверува имотите на судиите и обвинителите

Објавено на 02.12.2019 во 14:50:25 часот | Македонија

Антикорупционерите до година ќе го истражуваат имотот на судиите и обвинителите. Тие ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година, откако во антикорупциската комисија утврдиле дека во правосудството има висок ризик од коруптивни и други влијанија.

Вчера премиерот Заев преку видео порака побара од Антикорупциската комисија да го провери имотот на сите судии и обвинители и да утврди дали кај нив има конфликт на интереси.

Антикорупциската ќе проверува дали прикажаниот имот во анкетните листови на судиите и обвинителите е во согласност со месечните примања но и во склад со платите на членовите во семејствата. Комисијата за овој процес бара и помош од Владата, помош од истражните органи, координација на институциите.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет