Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлучил да воведе царини од 25 отсто на увозот од Европската унија. Тој остро ја критикуваше Унијата, велејќи дека таа е „основана за да ги измами САД“, пренесе „Фајненшал тајмс“.
„Донесовме одлука и наскоро ќе ја објавиме. Ќе биде 25 проценти“, рече американскиот претседател за време на состанокот на владата. Трамп изјави дека тарифите ќе се применуваат „нашироко“, иако тој конкретно рече дека тие ќе го погодат увозот на автомобили.