Индиската полиција отвори случај против моќниот бизнисмен Шјам С.Барти и уште три лица за закани и силување на актерка од Боливуд, јавува Би-Би-Си. Барти е основач и претседател на Jubilant Bhartia Group, чија подружница Jubilant Foodworks ја има најголемата франшиза на Domino’s Pizza надвор од САД. Жената, чие име не е објавено поради законите за анонимност во Индија, го обвинува Барти дека ја дрогирал, а потоа брутално ја силувал во Сингапур. Барти ги отфрли обвинувањата како неосновани, лажни и клеветнички во изјавата што ја даде вчера на берзата во Бомбај, пренесува хрвастски Индекс. Компанијата соопшти дека Барти целосно ќе соработува со полицијата во истрагата на случајот. Жената рече дека прво го пријавила бизнисменот во полиција на 11 ноември 2024 година, но случајот бил регистриран дури на 22 февруари, врз основа на наредба од Вишиот суд во Бомбај.
Жртвата тврди дека била силувана повеќе пати Таа во жалбата тврди дека за прв пат го запознала Барти во 2022 година во луксузен хотел во Мумбаи, преку друго обвинето лице. Наводно и ветил дека ќе ја запознае со луѓе кои би можеле да и помогнат да ја унапреди нејзината кариера во забавната индустрија. Жената тврди дека Барти се согласил да инвестира пари во нејзиниот филмски проект и ја замолил да дојде во Сингапур, а и ги дал и податоците од неговата кредитна картичка за да резервира авионски билети. Во нејзината жалба, таа наведе дека второобвинетиот снимил видео од силувањето во Сингапур во 2023 година и тврди дека била силувана повеќе пати. Jubilant FoodWorks ги негира наводите против Барти и тврди дека тие биле направени злонамерно. Деталите за случајот се уште не се познати.