Денеска во рамките на 27 коло во Премиер лигата фудбалерите на Манчестер сити славеа минимално со 1:0 на гостувањето кај Тотенхем. Стрелец на единствениот гол за „граѓаните“ го реализираше Халанд во 12 минута по асистенцијата на Доку. Во самиот финиш од средбата Халанд повторно ја затресе домашната мрежа, но голот беше поништен поради играње со рака. На табелата тимот на Пеп Гвардиола после 14 победа оваа сезона се наоѓа на четвртото место со 47 бодови, додека Тотенхем кој го претрпе 14 пораз е на 13 место со 33 бодови.
Во следното коло Сити на 8 март ќе му гостува на Нотинхгем, а следниот ден Тотенхем е домаќин на Бурнмаут.