Деновиве во Битола се откриени 292 неексплодирани гранати од Првата светска војна со калибар 75 милиметри при ископ на канал за инсталирање цевковод на топлификација. Неексплодираните убиствени средства се пронајдени на улицата Баталјон Стив Наумов во Битола.
Голема количина гранати, над 5.000 парчиња, беа пронајдени во Битола и во 2020 година при градежни работи кај Градскиот стадион.