Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта. Имено, пријавените малолетни лица на 19 февруари годинава, од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје. Исто така, на 21 февруари од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба за поставена бомба во две училишта ( едно основно и едно средно) во Скопје.
Од страна на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што добиле порака, но не се пронајдени експлозивни направи и е утврдено дека се работи за лажно пријавување за поставени експлозивни направи. По преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал, утврден е ИМЕИ бројот на мобилниот уред користен од страна на корисничкиот имејл од каде се пратени пораките, кое IMEI било поврзано до услугите на GOOGLE на 21.02.2025 од IP адреса од телекомуникациски оператор од Македонија. По извршени дополнителни проверки утврден е идентитетот на инволвираните малолетни лица, при што на 25 февруари во полициската станица Чаир тие се повикани и во присуство на родител, инспектор за малолетничка деликвенција од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор во кој го признаа и појаснија начинот на извршување на делото. По извршениот службен разговор, со цел обезбедување на докази, со потврда за привремено одземени предмети од нивните родители се одземени два мобилни телефони со СИМ картички, кои ги користеле пријавените малолетни лица.