Сто и осумдесет пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација, открила полицијата во комби во близина на скопското село Танушевци. Како што соопшти денеска МВР, завчера (25 февруари) во 14.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово.
-Откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле комбето и побегнале кон границата со Косово. При преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација. Возилото со производите било одземено и предадено за понатамошна постапка, информира МВР. Министерството за внатрешни работи додава дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.