Терористичките групи се мајстори на манипулација. Тие ги користат слабостите на младите, нивната желба за припадност, нивната потрага по својот идентитет, нивната бунтовност и идеализам. Преку социјалните мрежи и интернетот, тие стигнуваат до нив со лажни ветувања за слава, правда и вечен рај. За малолетник кој се чувствува осамено, изоставено или збунето, овие ветувања се како светлo во темницата. Но, таа светлина е лажна. Таа води кон пропаст. Светот во кој живееме е полн со парадокси. Од една страна, никогаш не сме биле поврзани и информирани како сега. Од друга страна, никогаш не сме биле толку поделени и ранливи. И во средината на сето ова, една ненормална и вознемирувачка појава нè потресува, малолетници кои се вклучуваат во тероризам. Ова не е само проблем на безбедноста или политиката. Ова е трагедија на човечноста, трагедија што нè потсетува дека нешто фундаментално е грешно во нашиот свет.
Што ги води овие млади луѓе на овој пат? Зошто во нивните раце, верата, која треба да носи мир и надеж, се претвора во оружје на омраза и уништување? Како може некој да го искористи името на Господ за да оправда насилство? Овие прашања не даваат мир. Тие нè прогонуваат, бидејќи одговорите се кријат во длабочините на нашето општество, во нашите семејства, во системите и општествата кои не успеале да ги заштитат најранливите меѓу нас. Терористичките групи се мајстори на манипулација. Тие ги користат слабостите на младите, нивната желба за припадност, нивната потрага по својот идентитет, нивната бунтовност и идеализам. Преку социјалните мрежи и интернетот, тие стигнуваат до нив со лажни ветувања за слава, правда и вечен рај. За малолетник кој се чувствува осамено, изоставено или збунето, овие ветувања се како светлo во темницата. Но, таа светлина е лажна. Таа води кон пропаст.
И тука доаѓа најголемата трагедија, овие деца не гледаат зло.
Тие гледаат „борба за правда“. Тие веруваат дека се борат за нешто поголемо од самите себе. И тоа е она што го прави ова толку болно. Нивната невиност е искористена, нивните срца се полнат со омраза, а нивните умови се заробени во идеологии кои ги уништуваат.
Но, не можеме да ја префрлиме целата вина на малолетниците. Тие се жртви на систем кој не успеал да ги заштити. Семејствата, општеството и политичката ситуација се дел од оваа криза. Колку родителите всушност знаат што ги интересира нивните деца? Колку од нив се свесни за тоа што гледаат и читаат на интернет? Зошто толку многу млади се чувствуваат осамено и изоставено? Зошто немаме доволно програми кои ги вклучуваат и им даваат надеж? И што е најважно, зошто владите не се занимаваат сериозно со корените на проблемот – сиромаштијата, нееднаквоста, недостатокот на образование? Ова не е само проблем на безбедноста. Ова е проблем на човечноста. Секој малолетник вклучен во тероризам е едно дете кое го изгубило својот пат. И ние како општество, сме одговорни да го вратиме на вистинскиот пат.
Но, надежата не е изгубена. Младите не се проблемот, тие се решението. Но, за да го постигнеме тоа, мора да дејствуваме. Мора да ги едуцираме, да ги поддржуваме и да им дадеме причини да веруваат во иднината. Мора да ги научиме критички да размислуваат и да бидат отпорни на манипулација. Мора да ги зајакнеме семејствата и заедниците за да можат да ги заштитат своите деца. И, најважно, мора да работиме за елиминирање на корените – причини на тероризмот – сиромаштијата, нееднаквоста и изолацијата. Оваа појава не е само статистика. Таа е болка, таа е трагедија. Време е да се собереме. Време е да дејствуваме. Зашто иднината на нашите деца зависи од тоа. И ако не дејствуваме сега, ризикуваме да изгубиме не само една цела генерација, туку повеќе генерации на млади луѓе кои би можеле да бидат иднината на нашиот свет.