Новинарот Љупчо Златев е гостин во второто издание на поткастот на слободен печат – Митови и факти. Тој говори за бројни митови и феномени од нашето општество и политика, давајќи суд за некои луѓе и појави, за кои тој смета дека имаат големо и мошне негативно влијание врз развојот на македонското општество и држава.
– Со доаѓањето на Зоран Заев на чело на СДСМ. Оттогаш наваму сè што се случува нè однесе нас 20 години назад. Јас не велам дека Никола Груевски, нели неговиот режим условно речено е добар пример за владеење. Да се разбереме. Имаше таму сериозни злоупотреби и многу луѓе беа сериозно во право за она што го говореа. Но целиот процес на деинсталација на тој режим, нас нè врати назад – вели Златев.Златев е уредник на лидер.мк и Радио Лидер и еден од најревносните хроничари на нашето време. За едни тој е контроверзен, за други е борец за слободата на говорот. Разговорот со Љупчо Златев ќе можете да го проследите вечерва со почеток од 20 часот, на Јутјуб каналот на Слободен печат.