Американскиот секретар за трговија Хауард Латник во средата рече дека САД би можеле да продолжат со наметнување на „одмазднички“ тарифи и за Канада и за Мексико во април, одделни од оние што ги најави претседателот Доналд Трамп, а потоа суспендирани на еден месец, чија цел е да извлечат обврски за зајакнување на граничната безбедност. Изјавите на Латник, за време на интервјуто за Фокс њуз, доаѓаат откако претседателот Трамп зборуваше за различни тарифи, кои влијаат на различни земји, на првиот состанок на неговиот владин тим претходно вчера. Тој особено се осврна на одмаздничките царини, кои ќе бидат спроведени на 2-ри април против двата главни трговски партнери на САД.
Хауард Латник појасни дека овие тарифи не се поврзани со најавените за притисок врз илегалните имигранти или трговијата со наркотици. Доналд Трамп најави воведување казнени тарифи од 25% за повеќето увезени канадски и мексикански производи, поради нелегалната имиграција и трговијата со фентанил, моќен синтетички опиоид кој е обвинет за десетици илјади американски смртни случаи од предозирање секоја година. Тој ги повлече на почетокот на февруари, неколку часа пред тие да стапат на сила, уверувајќи дека за возврат добил обврски од двете земји. Им изрече суспензија од 30 дена. Овој едномесечен прекин завршува следниот вторник. Запрашан за тоа за време на состанокот на неговиот владин тим, жителот на Белата куќа рече дека нема да го спречи нивното спроведување. „Ќе видиме дали добро ја завршиле работата или не, ќе видиме“, рече Латник во своето интервју.
Кога новинарот на Фокс њуз го прашал дали тој секогаш е „за тарифи“, министерот одговорил: „Не знаев какви се тарифите пред да се сретнам со Доналд Трамп“. Тој рече дека е „пријател“ на претседателот со децении. „Доналд Трамп објасни, и јас научив брзо, и прочитав многу (…) Сега разбирам сè за царините“, додаде тој. Минатиот вторник, мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум за време на прес-конференција истакна дека нејзината влада се надева дека ќе постигне договор пред крајот на неделата за да избегне воведување дополнителни царини за мексиканските производи од 4 март. Според Хауард Латник, ќе дојде „редот на Доналд Трамп“ „да праша: „Кој се однесува праведно со нас?“ Претседателот побара да се подготват извештаи за различни трговски прашања. „Тоа е прашање на реципроцитет“, додаде Латник. „Начинот на кој се однесувате со нас ќе биде начинот на кој ние се однесуваме со вас.