МАКТЕЛ

    

АЛКАЛОИД: Раст на консолидираните продажби од 15 %, извоз од 210,5 милиони евра и инвестиции од 23,3 милиони евра во периодот јануари – декември 2024 г.

      

Приходи од продажби: Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2024 година продажбите достигнуваат 13.433.299.470 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 19.005.696.029 денари, што е за 15 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони: Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 17 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 14 %. Компанијата, преку своите застапувања на производите на светски реномирани фармацевтски производители, активно учествува во обезбедувањето најсовремени ретки и специфични терапии, со што како докажан партнер на јавното здравство обезбедува значителна поддршка за здравствениот систем во земјава. Иако профитабилноста на овие програми е ограничена, тие значително го зголемуваат учеството на домашниот пазар во вкупните консолидирани продажби. Од вкупните консолидирани продажби 32 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 68 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 27 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР…) се остварени 18 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени на Кипар, кои се зголемени 9-пати; потоа во Литванија, каде што се зголемени 2,5-пати. Потоа следуваат оние во Чиле (раст од 92%), Велика Британија (раст од 62%), Јордан (раст од 59 %), во Грузија (раст од 57 %), Украина (раст од 48 %), Португалија (раст од 45 %), во Монголија (раст од 36 %), Германија (раст од 26 %), Швајцарија (раст од 24 %), во Романија (раст од 21 %), Албанија (раст од 21 %), Ерменија (раст од 18 %) итн. Продажби според групи производи: Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 26 %, препаратите ОТЦ со 19 %, невролошките препарати со 12 %, кардиолошките препарати со 11 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сите профитни центри во споредба со остварените во истиот период од 2023 година. Сегментот фармација бележи раст од 16 %, хемија раст од 7 %, козметика раст од 5 %, а билкарство раст од 6 %. Инвестиции: Во 2024 година, во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, АЛКАЛОИД АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории. Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него АЛКАЛОИД вложи вкупно 19,4 милиони евра. Во првото полугодие од годинава се реализираше стратешка инвестиција и во ПЦ Козметика. Инсталирана е нова производствена линија за производство и за пакување влажни марамчиња, во вредност од 1,7 милиони евра. Новата производствена опрема за производство на влажни марамчиња е со капацитет од 120 парчиња/минута и е дополнета со целосно автоматизирани линии за пакување. На овој начин се овозможи удвојување на капацитетите за производство на влажни марамчиња и се прошири палетата на производи кои може да се произведуваат и да се пакуваат. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2024 година изнесуваат 1.435.215 илјади денари.

   

Вложувања: Во 2024 година АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво во Хрватска, со назив АЛКАЛОИД ФАРМА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДОО Загреб. Имајќи предвид дека 68 % од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари. Во таа насока, новоотворениот правен субјект е осми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија. Компанијата регистрираше и ново капитално поврзано друштво во Казахстан, со назив АЛКАЛОИД КАЗАХСТАН ДОО, кое е прва подружница на компанијата во Азија. Отворањето на ова друштво претставува исклучителна можност за искористување на големиот потенцијал за пласирање фармацевтски производи на овој пазар, чија вредност на годишно ниво изнесува над 2 милијарди евра. Казахстан е пазар со 19,6 милиони жители и е економија со најдобри перформанси во Централна Азија. Портфолиото на АЛКАЛОИД во Казахстан за почеток ќе опфаќа антибиотици и додатоци во исхраната наменети за бремени жени. Во иднина компанијата планира проширување на асортиманот, како и присуство и во други земји од тој регион на интерес. Подружницата во Казахстан, лоцирана во градот Алмати, е 26-то по ред капитално поврзано друштво на АЛКАЛОИД. АЛКАЛОИД АД Скопје како интернационална генеричка фармацевтска компанија тежнее да биде присутен во сите сегменти на овој бизнис и да им понуди на здравствените системи и на пациентите достапност до што поголемо портфолио и типови на лекови по прифатлива цена. Покрај вообичаените генерички лекови, АЛКАЛОИД АД Скопје има стратешка цел да настапи на пазарот и со биослични лекови. За навреме да настапи во овој растечки бизнис-сегмент во фармацевтската индустрија, АЛКАЛОИД АД,  преку докапитализација на своето новоформирано друштво АЛКАЛОИД ФАРМА ИНТЕРНАЦИОНАЛ од Хрватска, вложи во јужнокорејската истражувачко-развојна компанија Rophibio преку купување малцински удел. Преку ова вложување во Јужна Кореја, во противвредност од 1 милион американски долари, АЛКАЛОИД АД, покрај сопственичкиот удел во компанијата, ќе добие и право на првенство при лиценцирање на производите за регионите во кои има свои операции. Земајќи го предвид потенцијалот на пазарот, како и искуството на тимот кој ја предводи компанијата Rophibio, АЛКАЛОИД АД донесе одлука за инвестиција во оваа истражувачко-развојна компанија, која во моментов е во напредна фаза на развој на биослични лекови.

Иновации: АЛКАЛОИД изминативе години започна процес на редизајнирање на постојните генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на АЛКАЛОИД, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Лекови од прв избор во третманот на рефлуксниот езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата АЛКАЛОИД разви течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба. За пероралниот раствор Омепразол АЛКАЛОИД го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар, како и за пазарите во Обединетото Кралство, Ирска, Холандија, во Португалија, Унгарија, Романија, во Словенија, Хрватска, Бугарија и на Косово. Во тек се регистрациските постапки за другите земји во Европа и за пазарите во Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и за негово последователно лансирање. Резултати од работењето: Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 2.886.531.066 денари, бележи зголемување од околу 12 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 1.702.570.214 денари и е, исто така, зголемена за 12 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 3.000.938.019 денари и бележи раст од 9 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 1.684.020.094 денари е зголемена за 7 %. При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

Вработени: Во периодот јануари – декември 2024 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 253 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2024 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 40.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата. Во декември 2024 Управниот одбор по повод новогодишните и божиќни празници, одобри исплата на новогодишен надоместок за вработените во нето-износ од 37.000 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 3.042 вработени, од кои 2.302 се во земјава, а 740 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство. Податоци за акциите: Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – декември 2024 година се движеше од 18.151,00 до 29.000,00 денари или просечно 22.376,45 денари за една акција. Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи, управувањето со друштвото и на генералниот тренд на раст на глобалните и на регионалните берзи. На 31.12.2024 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.945 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 40,4 милијарди денари. На 1 април 2024 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2023 година во износ од 772.931 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2024 година започна исплатата на дивидендата во износ од 540 денари бруто, односно 486 денари нето за една акција. Дивидендата од акција за 2023 година е поголема за 10,2 % во однос на исплатената дивиденда од акција за 2022 година. Бизнис-план за 2025 година: Бизнис-планот за 2025 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2024 година, предвидува инвестирање на околу 8 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 8 % на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2024 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2024 година. Бизнис-планот за 2025 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи достапни за компанијата во моментот на изготвување на Планот. Околностите и настаните во 2025 година, а со тоа и остварените резултати може да варираат во однос на прикажаните во Бизнис-планот. Очекувања за претстојниот период: Трендот на работење во отежнати економски услови, кои беа актуелни во изминатите неколку години, сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2025 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки, кои, сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација, а можеби и на благо опаѓање. Секако, глобалните безбедносни кризи ги отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста, што секогаш може да повлијае и врз цените на енергенсите, да создаде тешкотии во синџирите на испораки, но и да повлијае врз достапноста на одредени материјали. Очекуваме во 2025 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во нови производствени капацитети и опрема и од вложувањата во развојно-истражувачки проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава, но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и во усовршување на нивото на знаења и на вештини на нашите вработени и во градење таленти.

  

Најново

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Иванов: Македонија интензивно комуницира со својот стратешки партнер, САД, и е во постојан контакт со лидерите на ЕУ

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Младите мора да положат возачки испит пред да седнат зад воланот, субвенционираме 10 илјади денари за полагање

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Откриена и одземена поголема количина на прехранбени производи во близина на Танушевци

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Трајанов: Работиме на враќање на ЈП Национални шуми на здрави нозе

Sase Ivanovski

Македонската економија оди надоле, инфлацијата повторно расте

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС без компас, тотално се изгубија на политичката мапа па во стилот на „како и до сега“ од опозиција прават последователни грешки со прес на Филипче и партиски соопштенија

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Расчистен случај со лажни дојави за бомби во училишта

Sase Ivanovski

СДСМ, Кузеска: Сметките за струјата зголемени за 40% се сериозен удар за граѓаните

Sase Ivanovski

Зборувај за убавините на својата земја – Шара, Водно, Пелистер, Плачковица

Sase Ivanovski

Надлежните органи да го спречат урбаното дивеење во Маврово, бараат од здужението „Спас за Маврово“

Sase Ivanovski

Една милијарда Индијци воопшто немаат пари за каква било стока или услуга

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Андоновиќ: Српското собрание ќе заседава за состојбата во БиХ, Вучиќ го моли Додик за дијалог

Sase Ivanovski

Претреси и акција против затворски полицајци – на мета и поранешниот директор на Шутка

Sase Ivanovski

САД се заканија со нови царини за Канада и Мексико

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Молитва на првата седница на кабинетот на Трамп: Ти благодарамe, Боже, за претседателот

Sase Ivanovski

Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишен маж

Sase Ivanovski

Цените на нафтата пораснаа откако Трамп го раскина договорот за нафта со Венецуела

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митови и факти-Љупчо Златев: Процесот на деинсталацијата на Груевски, Македонија ја врати назад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Ги менува ли Македонија стратешките правци во надворешната политика?

Sase Ivanovski

Зоран Русимир: Трагедија на нашето време

Sase Ivanovski

Златото се купува како лудо, банкарите предупредуваат: „Тоа е знак за претстојните војни“?

Sase Ivanovski

Две лица се обиделе да шверцуваат близу два тона храна преку Танушевци

Sase Ivanovski

Хајка во американската војска: Ќе ги бара и протерува трансродовите лица од своите редови

Sase Ivanovski

Двајца 14-годишници признале дека ги праќале лажните дојави за бомби во училиштата

Sase Ivanovski

Невакцинирано дете почина од сипаници во Тексас, втора жртва на епидемијата во САД, потврди Кенеди

Sase Ivanovski

Тајван регистрирал засилување на кинеските воени активности

Sase Ivanovski

На Шарa спасен повреден скијач од Чешка

Sase Ivanovski

На вработените во УСАИД во Вашингтон им е наложено да си ги соберат работите од канцелариите за 15 минути

Sase Ivanovski

Во Битола oткриени 292 неексплодирни гранати

Sase Ivanovski

Северна Кореја упати дополнителен број војници во Русија

Sase Ivanovski

Хамас ги предаде телата на четворица заложници во замена за палестински затвореници

Sase Ivanovski

Додик најавува подготвеност за разговор со сите, но нема да дозволи да биде игнориран

Sase Ivanovski

ЕУ против Кина и САД – борба за економски опстанок

Sase Ivanovski

Муцунски ги отповика амбасадорите поставени од Пендаровски

Sase Ivanovski

Надлежните заборавија да „нацртаат“ пешачки премини на „Христо Татарчев“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Екипата на К15 објаснува како настанале најлегендарните скечеви

Sase Ivanovski

Македонија бара да увезува отпад од ЕУ

Sase Ivanovski

Собраниската Комисија за здравство ќе одлучува дали да одржи надзорна расправа за аерозагадувањето

Sase Ivanovski

Во Собранието на дневен ред пратенички прашања

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со појава на магла, во југозападните делови повремен дожд

Sase Ivanovski

Ова е најдобрата плажа на светот – а не е на Карибите

Sase Ivanovski

Европските лидери вршат притисок врз ЕУ да ослободи 200 милијарди долари замрзнати руски средства за финансирање на Украина

Sase Ivanovski

КИМ ЈОНГ УН ЌЕ ЈА ЗАЈАКНУВА ВОЈСКАТА Северна Кореја се спрема за евентуална војна

Sase Ivanovski

ЛАВРОВ Е ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ НА ТРАМП ЗА ГАЗА „Раселувањето на Палестинците е поставување темпирана бомба“

Sase Ivanovski

ДОДИК Е ОСУДЕН НА ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР Претседателот на Република Српска доби и забрана за политичко делување

Sase Ivanovski

ТРАМП ЌЕ ГИ ТУЖИ МЕДИУМИТЕ ШТО КОРИСТАТ ИНФОРМАЦИИ ОД АНОНИМНИ ИЗВОРИ Претседателот на САД сака да открие дали „тајните информатори“ воопшто постојат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Астронаут покажа трик како ги облекува панталоните во вселената, ова е невозможно на Земјата!

Sase Ivanovski

Останете смирени: Седум знаци дека вашиот партнер нема да ве изневери

Sase Ivanovski

Каква пресуда доби Додик? Ќе оди ли во затвор и што повлекува забраната за вршење политичка функција?

Sase Ivanovski

Јаневска: За седум години има 17.000 ученици помалку, а бројот на студенти е намален за 7.000

Sase Ivanovski

Руското МНР со реакција на пресудата за Додик: Загрозена е безбедноста на Балканот

Sase Ivanovski

Народно собрание на Република Српска: Судот на БиХ изврши државен удар со пресудата за Додик

Sase Ivanovski

(Видео) Тешки обвинувања за вицепремиерот Александар Николовски на вонреден прес на градоначалникот Јакимовски

Sase Ivanovski

Промените вo „Мој термин“ ги извадија матичните лекари на предупредувачки штрајк

Sase Ivanovski

Дали и зошто физичкото воспитување се прави само како про-форма?

Sase Ivanovski

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата

Sase Ivanovski

Додик повика на линч на новинарите на БН телевизија

Sase Ivanovski

Францускиот амбасадор Ле Риголер-Одлуката за гласањето на Северна Македонија за резолуциите беше неочекувана

Sase Ivanovski

ДАЛИ УКРАИНА МОЖЕ ДА ГО ПОДМИРИ ДОЛГОТ? Колку помош доби Киев и дали нејзините ресурси можат да ја покријат

Sase Ivanovski

ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА Избрана е компанија што ќе го гради, а во март ќе се потпише и договорот со неа

Sase Ivanovski

ПРВИОТ ЛЕТЕЧКИ АВТОМОБИЛ ГО ПОМИНА ТЕСТОТ За комерцијалниот модел веќе има 3.300 нарачки

Sase Ivanovski

КУПУВАЧИТЕ ВО ВЕРО СОБРАА 419.526 ДЕНАРИ ЗА СОС ДЕТСКО СЕЛО Кампањата „Заокружи сметка“ заврши успешно

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА СЕ ПОГРИЖИМЕ ЗА ПЛАНИНИТЕ ШТО ГИ САКАМЕ! Со секое купено пиво „скопско“ или „скопско смут“ ќе се собираат пари за чистење на планините

Sase Ivanovski

ОДЛОЖЕНО Е СУДЕЊЕТО ЗА КУЧЕТО ФЕЛИКС Активистите бараат зголемување на санкциите за мачење и за убивање животни

Sase Ivanovski

ТОЛПА ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТИ ЗА МАЛКУ ЌЕ ГО ЛИНЧУВАА УБИЕЦОТ НА КУЧЕТО ФЕЛИКС Обвинетиот седи на улица, активистите ‘ржат над него

Sase Ivanovski

ТРАМП МУ ПОРАЧА КИЕВ ДА ЗАБОРАВИ НА ВЛЕЗ ВО НАТО Европа треба да ѝ даде безбедносни гаранции на Украина, рече американскиот претседател

Sase Ivanovski

(ФОТО) ДЕЦА ПРОДАВАНИ И КУПУВАНИ ВО БРЧКО Полицијата спасила 31 дете, меѓу нив и бебиња

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ОД БАЊА ЛУКА ГО ПОДДРЖА ДОДИК Србија останува со Република Српска, порача српскиот претседател

Sase Ivanovski

ЧИСТКА ВО АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ Отпуштања поради непристојна комуникација и сексуални пораки

Sase Ivanovski

МАТУРАТА ЌЕ СЕ МЕНУВА, ЌЕ ИМА НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕНИЦИТЕ Јаневска најави нов закон за средно образование

Sase Ivanovski

ЏАБЕ КНИШКА, НЕМА ПОВЕЌЕ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА Мицкоски најави нов закон, работа ќе се добива според квалитетот

Sase Ivanovski

Алтипармаковски: Осврт кон антологискиот серијал Twin Peaks, креиран од David Lynch и Mark Frost – 35 години од оригиналната објава

Sase Ivanovski

Секој македонски жител на годишно ниво генерира над 300 киломграми отпад

Sase Ivanovski

Стефановски: Од дипломатско-тактички гледна точка можеби е и добро што го свртевме вниманието на ЕУ кон нас токму преку нашата поддршка на американската резолуција за Украина во ООН

Sase Ivanovski

Ивана Кнез: Булингот пропратен со сексуално вознемирување е честа појава меѓу учениците во образовниот процес, но и подоцна во животот

Sase Ivanovski

Чупеска: Авантуризам на владата во надворешната политика без никаква стратегија и анализа

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ – Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски најави нови инвестиции во енергетиката од 1 милијарда евра, Владата се усогласува со нови ЕУ директиви, нови законски мерки за напредок во инфраструктурата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКРОН МУ ВИКА НА ТРАМП ВО ОЧИ: СО ТЕБЕ СЕ Е МОЖНО!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИНСКА ДО ЗЕЛЕНСКИ: И НИЕ СЕ БОРЕВМЕ СО РУСИЈА, И ТОА ДВА ПАТИ, И НИЕ ИЗГУБИВМЕ 10% ОД ТЕРИТОРИЈАТА, И МОРАШЕ ДА ЧЕКАМЕ ДА ДОЗВОЛАТ ДА СТАНЕМЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ

Sase Ivanovski
Вчитувам....