СДС да се огради од Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов, и да поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски за да се одглават постапките. Васко Ковачевски е фатен во милионски криминал, а СДС молчи и не се оградува од него. СДС уште се нема оградено и од Артан Груби, кој избега и украде се што можеше да украде додека беше на функција. По истата логика СДС сега си го брани и членот на ЦО Филип Андов кој беше директор на затворот Шутка и кој жареше и палеше во затворот додека во него имало бројни криминали. Народот виде какви криминалци ја воделе државата со години. И сега откако треба да одговараат тие, еднаш ги штитат судиите, еднаш се согласуваат дека ЈО Љупчо Коцевски не работи како што треба.
Ако се согласни во ставовите кои секој ден различно ги лиферуваат, ајде нека поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски и реформи во судството, или им одговара “матна вода” за да ловат како до сега? Нема повеќе “како до сега” и тоа веќе и самите го гледаат. Одговорност има. И допрва јавноста ќе дознава што правеле СДС со години, како ја ограбувале државата и ја понижувале на секој чекор