Каде сме пленумци???Кај отидовме???Жално плаче мајка универзитетска!

Објавено на 28.05.2019 во 21:59:17 часот | Македонија

Конечно УКИМ прогласи автономија

Ликот и делото на светите просветители преку панонските легенди останаа како пишани сведоци за времето кога се градеше словенската писменост. Македонската писменост и култура се градеше во вистинските вредности под притисокот на времето во текот на историјата за да прерасне во национално обележје на нашата држава, а уште поголем императив е кога ова име го носи најголемата државна високо образовна институција, универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Име кое само по себе носи голема одговорност, проткаена со трајни вредности

Арно ама забот на лудилото ги изгриза трајните вредности на институцијата и на името и после 70 години по основањето и празнувањето на овој јубилеј, со сите активности на положување на цвеќе, промовирање на монографии, прогласување на најдобри студенти во поздравната реч на Ректорот (понатаму во текст Папата), беше посакано срдечно добрдојде до сите најпочитувани знајни и незнајни јунаци присутни во салата, од владини претставници, заменици на претставниците, вице претставници, судии, пратеници, градоначалници, директори на институции, претставници од дипломатски преставништва и што ли уште не!

Поединечните поздрави и укажаната чест значеа дека нивните државни активности не важат на УКИМ. Во слаткорчивиот говор кој  милозвучно ги галеше ушите на присутниот разнолик аудиториум, се доби впечаток дека УКИМ е јајцето на општеството од кое треба да се испили една полетна птица која со широките крила ќе ги обедини сите сегменти на општеството.

Не, почитуван аудиториуме, не, сето тоа беше една понизна лага пред присутните владеачки стуктури, каде Папата се обиде да се спушти до обичниот аудиториум. А секојдневието е далеку од реалноста, покрај неколкуте кардинали кои го испуштаат црниот чад позади бетонските ѕидови од тврдината на светите просветители. Кардиналката за финансии Б.А. успешно го зголемува своето конто. Кардиналката генерален секретар М.М. се грижи за воспоставување на правната инфраструктура на УКИМ со двосмислени правни акти, кои се толкуваат со двојни аршини, согласно потребите на поединците кои се лични пријатели или непријатели, се грижи да се работи „согласно закон“.

НЗС за двете кардиналки е кардиналот Б.Д. кој ја поседува правната клиника за ширење на малигни болести на УКИМ. Според неговото толкување државен просветен инспекторат нема надлежност врз УКИМ, финансиска ревизија, ревизорката и полиција немаат пристап до оваа недопирлива институција каде важат ватиканските господови правила на Папата со кардиналите. Со суперсонична метла одлетуваат од киднапираниот УКИМ. Метлата на Папата го измете влијанието на државните институции и прогласи автономија на држава во држава. Укинете закони, не трошете хартии и собраниски седници, тие и така и така не важат за УКИМ.

АКАДЕМСКА ЗАЕДНИЦА

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет