ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА СЕ ПЛАТАТ СМЕТКИТЕ ЗА ДИВЕЕЊЕТО: Полицајци го донесоа екс градоначалникот Трајковски на судењето за „ТНТ“!

Објавено на 30.05.2019 во 13:45:12 часот | Македонија

Екс градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, денеска со полиција беше спроведен во Кривичниот суд. Трајковски е еден од обвинетите во случајот „ТНТ“. Наредбата за стражарно спроведување, од неговиот дом до судот ја издал судот. На ова реагираше адвокатот Боро Тасевски.

-Протестирам за примената на репресивни мерки за присилно приведување на Трајковски. Во два наврати писмено, со медицинска документација, го известивме судот за неговата здравствена состојба, рече Тасевски.

Трајковски вели дека секогаш бил редовен и вети дека во наредниот период ќе го информира судот за неговите лекарски третмани кои ќе следуваат.

На денешното рочиште ќе бидат испрашани неколку сведоци продложени од одбраната.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет