Ајде да не се правиме луди, сите знаеме зошто Заев не може да си дозволи демократија во СДСМ

Објавено на 03.06.2019 во 23:30:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Многу ми се смешни овие аналитичари кога ќе почнат да квичат како тоа во СДСМ немало демократија.

Па од тука кога ќе почнат да развлекуваат теории како тоа било коренот на сите проблеми у земјава па како никад немало да не биде како држава дрн дрн...

Како бе само толку може да се тупи мајку му?

Кај живеат овие човеци? Чуле ли тие за една Солза Грчева? За еден Стевчо Муња? За една Буралиева, јас ја викам Бураличето?

Па после сите тие цепења, пребези на цели градоначалници и пратеници во клучни моменти на државата и битката со режимот, кој нормален може да дозволи демократија во било која партија?!?!

Демократија внатре-партиска е за нормален народ, не за стока балканска бре луѓе, дај да се разбреме...

Секој во оваа држава може за доволно пари да ја шитне партијата и да глуми лудило и да нанесе таква штета што тоа е нешто неописиво.

Во СДСМ едноставно се изгореа и сега дуваат на јогурт и тоа мора да го разбереме и не знам што сега се правиме сите мутави и луди.

Внатре партиска демократија ќе има кога во земјава ќе има нешто што се вика СРАМ, а тоа уште го нема и ќе го нема едно 50-до 100 години.

Се додека парите се пред се, пред принципи, пред морал, се додека комшии и роднини ти се смеат кога ќе напуштиш директорска или министерска функција со исто или помалку пари од што си имал пред да дојдеш на функција, до тогаш нема да има внатре-партиска демократија.

И дај еднаш да престанеме да глумиме лудило и Заев да го обвинуваме за се, и ние да сме на негово место ќе ја направиме партијата така за да биде практично непробојна за БУШЕЊЕ од страна на ВЕМЕРЕТО!

Еднаш пробија со Стевчо и со Солза, но пак нема да пробијат долго време!

Ако на некој треба да му се лутиме што нема демократија во СДСМ тоа се Стевчо Муња, Солза Грчева и тоа Бураличето кои во клучни моменти му се продадоа на Мијалков и го оставија СДСМ на цедило, го предадоа, ги изневерија другарите па дури и ден денеска плукаат кон Бихачка, а токмиу СДСМ им даде шанса но тие ја слоупотребија и ја уновчија...

 

 

* реклами:

loading...

 

Колумни

Македонија