ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Еве што направивме во македонското здравство на две години од власта

Објавено на 03.06.2019 во 23:39:57 часот | Македонија

Во септември 2018 година, за 5 отсто ги зголемивме платите на сите здравствени работници. Во јануари оваа година, платата ја зголемивме за дополнителни 10% на докторите специјалисти и 5% на медицинските сестри. Преку вработувања, зголемени плати, едукација, коефициенти за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа се грижиме и го враќаме достоинството во јавното здравство. Правиме сѐ за да ги задржиме да останат и работат дома, во здравствените установи во нашата држава.

 

За првпат, приватните специјализанти земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Ги задржуваме младите лекари во земјава, тие се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат. 

 

Донесен е новиот Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставаме на прво место! Самата да одлучува што ќе прави со сопственото тело, затоа што тоа е само нејзин избор. Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе. Голема благодарност и до граѓанските организации, со кои заеднички го работевме новиот Закон, во интерес на сите жени!

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет