НАНО РУЖИН: Дали ВМРО-ДПМНЕ има сили да го надмине политичкиот инфантилизам и да се наметне како сериозна партија која ќе се ослободи од длабокиот популизам?

Објавено на 15.08.2019 во 18:21:40 часот | Македонија

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Нано Ружин за НезависенВесник:

-Дали ВМРО-ДПМНЕ има сили да го надмине политичкиот инфантилизам и да се наметне како сериозна партија која ќе се ослободи од длабокиот популизам? Имаат ли сили да ги стопат лошите карми на долгогодишното авторитарно владеење кои ги уназадија и државата и партијата? Поседуваат ли мудрост да ја сфатат метафората за бродот и одговорноста на капетанот кон машината, морнарите и товарот? Како што стојат работите, жедта за популизмот сè уште е главна алатка за освојување на власта.

Да се потсетиме, оваа партија воведе многу новини во политичкиот живот на Северна Македонија. На почетокот сите беа фасцинирани од нивните спинови, ширината на политичките фикции и маѓепсаноста на „патриотските“ толпи. Добија апсолутно мнозинство во Собранието и во локалната самоуправа, ја задушија слободата на медиумите, критиката исчезна, а Македонците по професија и администрацијата се обидоа да го хомогенизираат народот. Цинизмот на лидерот се лепеше за илузијата дека единствено „тој и неговата партија го претставуваат народот и дејствуваат во негово име, за доброто на Македонија“. Народот наивно веруваше дека учествува во политичкиот живот, додека ВМРО-ДПМНЕ упорно ги фаворизираше разните форми на клиентелизам.

Колумната во целост прочитајте ја на следниов ЛИНК.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет