БОРЧЕ ГЕОРГИЕВСКИ: ВО ЖЕЛЕЗАРА РЕАЛИЗИРАВМЕ ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ

Објавено на 19.08.2019 во 20:35:40 часот | Македонија

Борис Георгиевски

👍Маалска средба вечерва одржавме во Железара со граѓаните на улицата Душан Тасковиќ. Разговаравме за решавање на проблемот со недостатокот на паркинг места. Слушнав многу конструктивни предлози од страна на граѓаните, за кои заедно во наредниот период ќе работиме.

За овој период од мојот мандат покажавме дека дадениот збор за нас важи. Токму во Железара реализиравме повеќе проекти.
целосно ја реконструиравме улицата Гемиџиска
го проширивме капацитетот на детската градинка Калинка за нови три занимални
градинката Калинка добива целосно реконструирана нова кујна
изградивме фитнез зона во парк шумата Гази Баба
изградивме парк за миленици во парк шумата Гази Баба
изграден е нов паркинг на улица Душан Тасковиќ
реконструкција на кровот од спортската сала во ООУ Григор Прличев

Докажавме дека општината може да работи во интерес на граѓаните, да биде посветена кон решавање на нивните проблеми. #ГазиБаба забрзано оди напред и се развива. 📈Пред нас се уште многу проекти кои заедно ќе ги реализираме.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет