(ВИДЕО) НЕ МУ Е ЛЕСНО НА ОВОЈ ЧОВЕК: Општина Гази Баба блокирана, советниците на ВМРО ДПМНЕ нон стоп го блокираат градоначалникот Борче Георгиевски кој за 2 години направи тоа што тие за 20 години не се ни обидоа да го направат!

Објавено на 19.08.2019 во 23:14:03 часот | Македонија

Драги пријатели, како градоначалник имам обврска пред вас да известам за сите случувања во општината. Затоа одвојте малку од вашето време и слушнете го видеото за да дознаете зошто е закочен процесот на донесувањето на предложениот ребаланс на буџетот.

Јас лично се надевав дека разумот ќе го победи инаетот. Дека без разлика на партиска припадност, моја, но и обврска на членовите на Советот е да работиме во интерес на граѓаните. За жал мнозинството во Советот одбраа да се водат по нивниот партиски интерес. Ова не е прва блокада. Блокирана беше и изградбата на вакуум канализацијата во Јурумлери. Ја блокираа и изградбата на новиот булевар АСНОМ.

Овој период подготвивме повеќе проекти со кои аплициравме за средства од Владата. Јас лично како градоначалник сум се борел токму Гази Баба да ги добие тие средства и успеавме, обезбедивме пари со кои ги решаваме децениските проблеми на граѓаните. Токму тоа е болката на советничката група на ВМРО-ДПМЕ. Не можат да се помират како општината денеска забрзано се развива и оди напред. За две години го направивме она што тие 20 години не се ни обидеа да го почнат.

Општина Гази Баба веќе четврта недела се соочува со неразбирлива блокада за носењето на предложениот ребаланс на буџетот, од страна на мнозинството во Советот на општината. Без ниту едена забелешка, ниту предлог од нив за подобрување на ребалансот, тие се решија на негова блокада. Блокадата на ребалансот значи и блокада на новите средства во буџетот. Средства наменети за капитални проекти.

Нивните обвинувања се празни и имаат една цел, да се закочи работата на општината. Лага е дека буџетот не е развоен и дека во него се кратат средства. Затоа што ова е прв пат од постоењето на општината Гази Баба, но и на било која општина во Македонија, буџетот се зголемува, а не се крати. Лага е дека се префрлаат средства за непродуктивни трошоци, затоа што овие дополнителни средства се директно за реализација на капитални проекти. Лага е дека и без ребалансот на буџетот општината може нормално да функционира во наредниот период, затоа што дополнителните средства нема да бидат дел од буџетот и истите нема да може да се реализираат.

Јас не се предавам, останувам посветен на сите проекти кои сме ги ветиле и ќе ги реализираме. Отворен сум за било какви предлози кои би го подобриле буџетот, но не и за уцени и пазарења.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет