Милевски: Секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон

Објавено на 21.08.2019 во 11:17:02 часот | Македонија

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска порача дека на општините им е потребно целосно реорганизирање, бидејќи вака само се трупаат административци.

-Градоначалниците да влезат со тимови, кои ќе  имаат мандат додека трае мандатот на градоначалникот. Вака секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон. Тоа е невозможно да се издржи, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој рече дека Владата планира да го прошири процесот на децентрализација на локалната самоуправа и дел од надлежности на државата да преминат кај општинските власти.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет