Добрината е единственото што останува по нас: Интервју со Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот Стево Пендаровски

Објавено на 21.08.2019 во 11:40:43 часот | Македонија

Поради тешките моменти што сум ги преживеала во животот, знам што значи за некој што страда барем еден искрен разговор. Секогаш сакам да ги прегрнам луѓето, затоа што така чувствувам. Верувам во среќно општество на среќни поединци

Првиот впечаток кога ќе ја запознаете Елизабета Ѓеоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, е дека пред вас стои кревко и нежно суштетство, но по кратко време сликата малку ќе ви се промени. Со младешка енергија, разигран, но префинет моден стил, Бети плени со зрела смиреност, но и непосреден однос и несекојдневна сочувствителност. Таа едноставно е човек покрај кој се чувствувате безбедно. Како таква, како што вели самата, ја форматирало нејзиното матично семејство, но и една лична трагедија која засекогаш ѝ го променила односот кон светот.

Скромна, вредна и посветена, Елизабета Ѓоргиевска работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

* Веќе неколку месеци сте Прва дама на Македонија. Како сопруга на господинот Пендаровски и порано сте биле во тек со политичките процеси. Сепак, што научивте последниве месеци, а не сте знаеле порано?

– Она што најмногу ме погодува се многубројните пораки на луѓето кои имаат проблеми, засегнати се од болести, невработени или погодени од сиромаштијата. Знаев дека ги има многу, но сега имам поинтензивна комуникација токму со ранливите групи. Луѓето ми се обраќаат за помош и за да ме запознаат со комплексноста на нивните проблеми. Од позиција на сопруга на претседателот на државата, честопати сум немоќна формално да помогнам, но секогаш можам да ги ислушам. Со добар збор и човечки пристап да помогнам во застапување на послабите и да се обидам да се ангажирам со сите сили за наоѓање решение. Тоа многу им значи на луѓето.

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет