ЏАБИР ДЕРАЛА: Секој ден, кога ќе се разбудат, нека знаат криминалците и нивните слуги дека сум блиску до нивното уво и на цел глас извикувам: Нема правда, нема мир! Додека не оглуват. Ѓубриња непрокопсани!

Објавено на 21.08.2019 во 11:47:48 часот | Македонија

НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!

И по овие три примери, истите што ги читаат и ги „купуваат“ овие гомненици ќе се осмелат да коментираат текстови во кои има аргументи и ставови за кои некој се потрудил да ги обликува, да создава вредности, да им даде на настаните контекст и смисла? Ама, дајте луѓе, овде не остана ни една причина за разговор. Со вакви луѓе нема што ни да се полемизира, ниту да се сметаат за некој си рамноправен партнер во политичкиот и општествениот дијалог. Ако сака Зоран Заев, било како премиер, било како лидер на СДСМ, да практикува безгранична толеранција и да повикува на помирување, ако тоа го предлагаат еврократите или други странски мудреци, тоа не значи дека е и наша обврска. Помирувањето не значи отсуство на одговорност, а уште помалку значи дека злосторниците треба да се „наградуваат“ на најразлични начини.

Немам намера допрва да го спуштам своето ниво и да комуницирам со нив директно, но веќе нема да ја игнорирам штетата што ја предизвикуваат овие неписмени паразити во општеството чиј дел сум и јас. Ќе барам, секој ден, одговорност од овие фашистоидни, отровни креатури, а уште повеќе – одговорност од нивните стопани, криминалците.

Ќе ја повикувам и јавноста и институциите секој ден, да преземат конкретни и одлучни чекори за да престане оваа крвава доминација на криминалот во нашата земја. Ќе барам правда за ова наше малтретирано и оштетено општество. Секој ден, кога ќе се разбудат, нека знаат криминалците и нивните слуги дека сум блиску до нивното уво и на цел глас извикувам: Нема правда, нема мир! Додека не оглуват. Ѓубриња непрокопсани!

ПС: Сега, ќе се фатат за зборовите од типот „ѓубриња непрокопсани“ и ќе ги држат очите и ушите цврсто затворени пред тоа што го истурив пред нив. Ќе коментираат површина, ќе бегаат од суштина. Ќе тролаат до изнемоштеност. Како што им е кажано.

Линк до целата колумна на ЦИВИЛ МЕДИА

 

 

loading...

 

Македонија

Свет