Амбасада на САД: Секој што ја злоупотребил довербата на јавноста мора да сноси одговорност

Објавено на 23.08.2019 во 17:37:14 часот | Македонија

Амбасадата на САД во Скопје целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги истражи сите наводи за корупција и да ги гони во согласност со законот и врз основа на проверливи факти.

„Секој за кого има наводи дека ја злоупотребил довербата на јавноста, мора да сноси одговорност“,

велат од американската амбасада на прашањата на „360 степени“ по новонастанатата ситуација со притворот на шефицата на СЈО Катица Јанева за случајот „Рекет“.

За САД е важно да се потенцира дека Специјалното јавно обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија да ја покаже посветеноста на земјата за независно судство и одговорност за минатите криминали и корупција.

„Ова е причината зошто е решавачки да се донесе закон за јавното обвинителство, како дел од поголемите напори за градење и зајакнување на одржливи институции засновани на владеење на правото. Ова ќе осигура дека Специјалното јавно обвинителство може да продолжи со својата важна работа и да ги продолжи своите случаи без прекин, што пак ќе и помогне на Северна Македонија да напредува со интеграцијата кон НАТО и Европа“,

стои во одговорот на Амбасадата за „360 степени“.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет