Од 20 до 22 септември ќе се одржи штипската Пастрмајлијада. Главна ѕвезда Светлана Ражнатовиќ

Објавено на 23.08.2019 во 17:49:53 часот | Македонија

Речиси сѐ е подготвено за 13-то издание на традиционалната манифестација „Штипска Пастрмајлијада“  која и годинава ќе се одржи во три вечери од 20 до 22 септември на старата позната локација Дујле.

„Промоцијата на штипската пастрмајлија ќе биде реализирана во три дена каде што ќе се служи пастрмајлија на штандови кои ќе бидат поставени по стариот концепт на истиот простор кај крстосницата Дујле.Ќе има околу 30 штанда со штипски угостители кои ќе ја служат пастрмајлијата со квалитет и реноме познато со децении наназад“,изјави Кирил Панајотов советник за односи со јавност.

Според Кирил Панајотов и оваа година ќе има богата музичка програма, но за разлика од претходните години ќе доминираат македонските музички имиња и групи.

Иако првично во јавноста се појави информација дека главна ѕвезда ќе биде Жељко Јоксимович, спонзорите сепак се одлучија за Цеца. Покрај неа штипјани ќе ги забавуваат и Тропико Бенд и Даниела Мартиновиќ.

„Петок(20.09) е резервиран најмногу за штипски артисти со групата Кентаур,Arre brothers band и завршната точка ќе ја имаат Нокаут и Игор Џамбазов.Во сабота(21.09) ќе настапуваат Мартинијан Кириловски и Антонија Гиговска и како главна ѕвезда Цеца Ражњатовиќ.Во недела(22.09) почнуваме со No End,Викторија Лоба,Tropico band  завршно со ѕвездата од Хрватска Данијела Мартиновиќ“,изјави Кирил Панајотов  советник за односи со јавност.

За познатиот штипски бренд и годинава главен организатор е општина Штип,а се очекува гости од цела држава,но и од регионот.

 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет