Бомба на Калајџиев: Истрагите „Империја“ и „Поштенска банка“ мора да почнат од почеток затоа што се осакатени со влијание на Катица!

Објавено на 23.08.2019 во 19:25:22 часот | Македонија

Не ќе може да продолжат да се водат истрагите за „Империја“, кај што првоосомничен е бизнисменот Орце Камчев кој ја пријави Специјалната обвинителка Катица Јанева дека го рекетирала за да биде ослободен, и „Поштенска банка“ за која обвинителите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Лиле Стефанова и Бурим Рустеми рекоа дека исто така трпела влијание и мешање од шефицата.

„Овие две истраги се оскатени, имало влијание врз нив и тие не може да продолжат. Треба Обвинителството да одлучи што ќе прави со нив, евентуално да ги почне отпочеток, од нула. Ништо од досега сработеното во овие две истраги не може да е валидно, бидејќи имало влијанија. Впрочем, за тоа се води друга истрага именувана како ‘Рекет’. Не може да продолжи ниедна истрага почната од СЈО каде што ќе се утврди дека имало влијание врз неа“, вели за СДК професорот по кривично право Гордан Калајџиев.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која ја води истрагата за „Империја“, денеска апелираше „политичарите и сите чинители на политичкиот систем да го донесат Законот за јавно обвинителство, за да немаме прекин во постапките“.

„Не зборувам само за оние кои се во судска постапка, туку и сериозните истраги кои ги имаме. Со неносењето на законот, немање овластување или поставување на прашањето дали имаме овластување, даваме простор на криминалот“, рече Стефанова на паузата од денешното рочиште за „Титаник“, додека се очекуваше дали судијата Осман Шабани ќе го прекине судењето додека се реши статусот на СЈО како што бара одбраната.

Тврдењето на Калајџиев го потврдуваат обвинители во СЈО и во редовното обвинителство. Во СЈО велат дека овие две големи финансиски истраги се во напредната фаза, има обезбедено цврсти докази, сослушани се сведоци, но дека сето тоа ќе мора да се повтори отпочеток.

повеќе

 

 

loading...

 

Македонија

Свет