(ВИДЕО) Заев: Објавениот текст на ИНФОМАКС е невистинит и е сериозна манипулација за која ќе го тужам новинарот

Објавено на 24.08.2019 во 18:19:51 часот | Македонија

Премиерот Заев ја повика јавната обвинителка Вилма Русковска да ја потврди веродостојноста на записникот објавен на порталот Инфомакс.

„Без да влијае врз истрагата, без да ги попречи процесите, чесно е таа да каже дали ова е точно или не. Јас како што видов, објавена е дсамо една страна од еден записник, а другото се прераскажува и тоа претставува сериозна манипулација. Сакам се да биде објавено, секој да каже а обврска на обвинителство е јавно да соопшти дали е тоа така кажано“,

изјави Заев денеска во Прилеп.

Тој најави дека ќе го тужи новинарот кој што ја објави, според него, невистинитата содржина, бидејќи тој е сигурен дека на никакво начин не е поврзан со Боки 13 и со случајот „Рекет“.

„Јас секогаш ги охрабрувам новинарите да истражуваат за да доловат се што е важно за јавноста, но ако прават манипулации, тогаш мора да има одговорност за напишаното. Ова е типичен пример на лажна вест. Новинарот го спомнува името на премиерот, на заменик- престедателот на владата на министертот за надворешни работи, потпретседателката на собранието и тоа не го покажува, ако манипулира само со прва страна од записникот и алудира дека во записникот има вакви работи, тогаш тоа дефинитивно е лажна вест која ја преокупира целата јавноста. Јас лично како граѓанин а не како премиери, а ги повикувам заедно со мене и Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски и сите што сме спомнати таму да поднесеме тужба за клевета и таму да ги отвориме документите и пред лицето на јавноста да покажеме дека новинарот кој го лиферува ваквиот запис лаже“, изјави Заев.

Тој уште еднаш повтори дека секој што е вмешан, ќе одговара а ако е тоа функционер, партиски или владин, тој веднаш ќе побара политичка одговорност од него, за да се отстрани секаква можност за влијание врз процесите.

„Истрагата до крај треба да открие дали и кој е виновен а исто така низ неа, својот образ ќе можат да си го исчистат оние за кои се шпекулира дека се вмешани. Јас лично не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но секако оставам истрагата тоа да го докаже. Законот важи за сите подеднакво, а ова е мегдан на кој ќе покажеме дали како држава можеме да се справиме со вакви девијатни, криминални појави“, рече Заев.

Инаку, во текстот на „Инфомакс“ кој потоа беше пренесен и коментиран од повеќе медиуми беше објавен факсимил од документ од една страна , додека во самиот текст се цитираа други делови од Записникот, чија содржина не може да се види, ниту да се провери.

Обвинителството најостро го осуди објавувањето на документот и најави дека ќе истражи како тој протекол во јавност, со укажување дека само официјално добиените информации од обвинителството се веродостојни.

Според нив, неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет