БОМБА ОД ОЈО: Дел од објавеното во медиумите го нема во сведочењето на Камчев, значи е чиста измислица!!!

Објавено на 24.08.2019 во 19:32:15 часот | Македонија

Дел од содржината на записникот од сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев, кој го објави порталот „Инфомакс“ а потоа го презедоа повеќе медиуми, „ниту ги има во записникот, ниту пак произлегуваат од содржината на записникот“ тврди за Алсат добро упатен извор од јавното обвинителство.

Ставот е директен одговор на прашањето- дали се точни наводите дека во записникот од сведочењето на Камчев се инкриминира и премиерот Зоран Заев и други политичари, како што објавија дел медиумите, а што не може да се види од единствената страница која е објавена од записникот.

Алсат дознава и дека обвинителството веќе има некои сознанија од каде потекнува објавената копија, бидејќи „тој спис бил залепен на предмет“, што може да го донесе обвинителството до факт од каде е копиран или преснимен записникот.

Страницата од записникот е достапна тука.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет