ПОШТАРИТЕ БАРААТ ПРЕМИЕРОТ ДА ИМ ПОМОГНЕ: 30 години платите не ни се покачени, немаме униформи, компјутери, мотори, имаме ужасни услови за работа!

Објавено на 30.08.2019 во 19:24:03 часот | Македонија

Поштарите бараат поголеми плати. Синдикатот на македонска пошта очекува покачуње сите вработени во пошти и подобри услови за работа. Како што тврдат синдикалците  со години зимаат иста плата, а вредноста на бодот е намален веќе 12 години. Тогаш им кажале дека намалувањето на бодот е привремено, само за 6 месеци, а до денес ситуацијата е иста.

Вработените во македонска пошта се пожалија дека немаат основни средства за работа, потребни им се нови униформи , мопеди , компијутери.

Директорот на македонска пошта, Ејуп Рустеми им одговори на синдикалците. За Телма вели дека македонска пошта е во загуба, минатата година ја затворила со речиси 3 милиони евра помалку. Годинава, според Рустеми и покрај тоа што има мали подбрувања, се уште е рано да се знае кога ќе може да се покачат платите на вработените. 

На денешшниот прес синдикалците побараа владата да се вклучи во решавање на проблемоот и сакаат средба со премиерот.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет