Дескоска: Изјавата на Мицкоски е крик на немоќ и фрустрација

Објавено на 01.09.2019 во 16:27:21 часот | Македонија

Министерката за правда, Рената Дескоска реагираше по изјавата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека таа е основната пречка што преговорите за Законот за јавно обвинителство не се завршени. Дескоска вели дека изјавата на Мицкоски е знак на немоќ, крик на фрустрација бидејќи биле разобличени вистинските намери во однос на законот.

„Лошо е ако Мицкоски има искривена перцепција за реалноста и не знае да ја оцени вистинската состојба на разговорите за законот, ако не е свесен кои се црвените линии за правда и владеење на правото чие почитување го бараат граѓаните, но и меѓународната заедница. Исто така е лошо и ако е свесен за тоа, но не ја зборува вистината, па намерно шири лажни вести. Му порачувам да си погледне во сопствениот двор и да се запраша какви позиции застапува неговата партија во разговорите за законот. Неговата денешна изјава е крик на немоќ, крик на фрустрација дека вистинската намера на нивните позиции во однос на Законот за јавно обвинителство е разобличена и дека барања за заштита на криминалот и амнестија на криминалците нема да поминат“, напиша Дескоска.

Таа вели дека се додека истакнуваат барања кои значат рушење на правната држава и амнестија за криминалот – тие барања нема да поминат.

„Морам да кажам дека ми ласка и тоа што формалниот претседател на најголемата опозиска партија во неколку наврати изминатава недела се “занимава” со мене и ми придава големо значење и улога – дека мојата улога била клучна во заштитата на јавниот интерес во преговорите за законот. Сепак во интерес на вистината морам да кажам дека целиот наш четворочлен тим е апсолутно обединет во бранењето на црвените линии – правда и правна држава, што ја прави мојата позиција како водач на тимот многу комотна. Времето истекува. На Вас останува каква улога ќе одиграте – улога на лидер или улога на марионета“, додава Дескоска.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет