ГРЧЕВ: ВМРО е веќе и идеен и политички леш, но последиците од нивното владеење ќе ги чувствуваме речиси бесконечно!

Објавено на 01.09.2019 во 16:35:40 часот | Македонија

Здравиот разум ги посетува народите еднаш во сто години, рече, мислам, еден голем руски писател. За малите народи на Балканот, пореалистично е овој период – помеѓу двете прошетки на здравиот разум по нашиот негостољубив релјеф – да се мери во милениуми. А, бидејќи неверојатната космичка случајност рациото – во своето талкање по вселената – да се задржи во македонската „вукојебина“ некни веќе се случи и траеше неочекувани половина век (!), нас, за жал, според Болцмановата статистичка механика и термодинамичките закони на универзумот, неумитно нѐ чека долг период на негова отсутност, кој веројатно може традиционално да се искаже со двата турски, полумилениумски, малоумни мандати на ВМРО.

Можеби, сепак, тоа нема да бидат мандати на власт, зашто ВМРО е веќе и идеен и политички леш – но сосема е јасно дека ни претстојат барем илјада години интелектуална, културна и морална декапацитираност, со еден збор – кретенска состојба на свеста!

Целата колумна на ПЛУСИНФО.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет