ПОЛИТИКАТА Е НЕВЕРОЈАТНА, ПРЕД 20 ГОДИНИ ОВИЕ ДВАЈЦА БЕА СМРТНИ НЕПРИЈАТЕЛИ: Бошкоски на средба со претседателот Пендаровски

Објавено на 04.09.2019 во 22:24:08 часот | Македонија

Скопје, 4 септември 2019 

Претседателот на ОМ, Љубе Бошкоски денес имаше средба со Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

На средбата се  разговараше за евро-атлантските интеграции на државата и за изборниот модел на следните избори.

Обединети за Македонија, како центар-десно партија, е готова да  помогне со своите конекции во европската десница за помош и побрза интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија, како  наши стратешки партнери за подобра иднина на нашата земја.

Обединети за Македонија 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет