ЦРН ДЕН ЗА МАФИЈАТА И ВМРО ДПМНЕ: За ЈО нема дилеми - Јанева даде согласност за преземање на предметите на СЈО!

Објавено на 04.09.2019 во 22:26:36 часот | Македонија

По писменото известување од Катица Јанева дека ги овластила обвинителите во СЈО да ги предадат предметите на редовното обвинителство, во државното јавно обвинителство немаат дилеми дека на тој начин се исполнети условите од Законот за СЈО за да ги преземат овие случаи.

„Сакаме работите малку да ни легнат, да преноќат, но според нашите првични опсервации, нема правни пречки за преземање на случаите на СЈО. Сметаме дека се исполнети условите од член 6, став 5 од Законот за СЈО“, вели извор од државното јавно обвинителство за „360 степени“.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет