Пендаровски: Јас сум претседател на сите, без разлика кој ме предложил или гласал за мене

Објавено на 18.09.2019 во 13:31:48 часот | Македонија

Стево Пендаровски, оствари средба со членовите на Комисијата за одбрана и безбедност од Собранието на Република Македонија. На средбата присуствуваа членови и нивни заменици од власта и од опозицијата, пракса што според Претседателот треба да биде на сите состаноци и средби на кои се говори за безбедноста на државата.

„Јас сум претседател на сите, без разлика кој ме предложил или гласал за мене. На седницата на Советот за безбедност го поканив и лидерот на опозицијата. Така ќе правам и натаму, бидејќи одбраната и безбедноста на државата не се ничија лична работа“, рече претседателот Пендаровски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет