Богојески жестоко распали по паторот: Господине Никола, тебе мадињата ти се фатени во ковчегот со пари, помина времето на Вашиот арамиски концепт, време е за Македонски концепт

Објавено на 24.09.2019 во 16:29:34 часот | Македонија

Активистот на ВМРО-ДПМНЕ и промотор на новиот „Македонски концепт“, Петар Богојески жестоко одговори на вчерашните обвинувања од Никола Груевски дека реформаторите биле „помагачи“ на СЈО. Богојески вели дека поминало времето на „арамискиот концепт“ на Груевски, но и го обвинува дека го продал името во замена за својата лична слобода и луксуз.

-Господине Никола, уште памет не Ви доаѓа?!? Македонскиот концепт е сложено четиво за Вас. Вие сте слаб ученик! Тешко ќе го разберете! Вие подобро го разбирате словото на Каравангелис! Време е господине Никола за Македонски Концепт! Помина времето на Вашиот арамиски концепт! Господине Никола, Вие ги трампавте името, историјата и идентитетот за Вашата лична слобода и луксуз! Додека уживате на убавиот син Дунав, ги оставивте своите луѓе по затвори! Зарем не се срамите бар малку, господине Никола? Кога купувате патриотизам со часови на употреба, нашата Татковина им стана заложник на тие, кои Ви го продадоа таквиот патриотизам! Тие кои Ве “чуваат”, Ви даваат задачи да ја уништите македонската иднина, македонската надеж, македонската европска и НАТО интеграција! Вие одлучивте да ги предадете својот народ и својата Татковина, за пусти пари господин Никола! За пусти пари! Кога ќе Ве фатат за банкарските сметките е полошо, отколку за деликатно место, посебно за такви како Вас, на кои машкоста Ви е заклучена во касата со парите! Поради тоа ли господине Никола ги исполнувате задачите кои Ви ги даваат од Владата? Вие и Вашите пајташи во мермерната палата?!?, вели Богојески.

Тој додава дека нема да дозволат идните генерации повторно да бидат заложници на „фамилијата“, но и негира дека реформаторите биле „помагачи“ на СЈО.

-Точно господин Никола, на нашите, но и на Вашите деца, ќе им оставиме држава, слобода и пари! Нема Вас и на Вашите подизведувачи во мермерната палата да Ви дозволиме тоа да им го одземете на децата на Македонија! Нема повторно да дозволиме нашите и Вашите деца да бидат заложници на “фамилијата”, на тие кои делат милост по заслуги за слепа лојалност кон нив! Помина тоа време господине Никола!!! Ниско ми е да зборувам со ужасни бегалци, кои ги напуштаат луѓето без грижа на совест! Повеќе сакам да говорам со луѓе кои имаат аргументи за реформи и добар живот на граѓаните, а не само за мерцедеси за себе! Ако Македонија живееше добро, немаше да има потреба од концепти! Додека едните живеат добро како бегалци, ние тука страдаме. Тоа ни оставивте во наследство! Господине Никола, кога веќе добро знаете руски, не треба да учите унгарски – тежок јазик е! Понекогаш е гордост да се зборува на нашиот македонски јазик! Се надевам дека се уште го користите! Господине Никола, бидејќи СЈО Ви е ноќна мора и го поврзувате со “реформаторите”, Ве потсетувам дека со самото Ваше бегство, Вие ги потврдивте делата. Еве јас како реформатор Ве замолувам јавно да објавите барем едно нешто кое мене ме поврзува или сум имал било каков контакт со тоа пусто СЈО? Во исто време Ве охрабрувам да ги објавите и куририте кои ги испраќавте кај “реформаторите” да молат за милост за Вас и за останати 3 лица! Интересно, помеѓу тие тројца, немаше ниту еден Ваш познат соработник во јавноста, туку само Вашите “ноќни птици”! Реформаторите не беа “помагачи” на СЈО!!! Барем не оние кои Вие не ги пуштивте во “реформска мисија”! “Помагачите” на СЈО ќе си ги барате околу себе, кај Вашите пријатели или во мермерната палата!, вели Богојески.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет