Најчевска распали по Калајџиев: Некои шалабајзери со професорски титули немаат појма што зборуваат

Објавено на 24.09.2019 во 17:29:34 часот | Македонија

Статус на Мирјана Најчевска:

1. СЈО е политичка, а не правна творба. Направено е со политички договор, луѓето во него се избрани со политички договор, законот со кој се уредува работењето е политички компромис.

2. Целта на СЈО не е воспоставување на правната држава и на владеењето на правото, туку прекинување на ланецот на неказнивост воспоставен во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски.

3. Преземањето на предметите од СЈО од страна на Републичкиот ЈО е соодветно, правно издржано и согласно законот со кој се регулира работењето на СЈО (но не заради тоа што Катето од притвор ги предала во надлежност на Јове). Дали е Републичкиот јавен обвинител спремен да постапува по овие предмети не би можела да кажам. Станува збор за човек кој му бил долги години заменик на Зврлевски и кој за сето тоа време си молчел и со своето молчење го овозможувал неправото. Впрочем СЈО беше создадено токму заради недовербата кон работењето на истите овие кадри.

4. Обвинителката која е во притвор не е во функција. Тоа што не и е изречена суспензија не значи дека фактички не постои токму акт на суспензија. Некои политички апологети и шалабајзери со професорски титули очигледно немаат појма што значи од правен аспект притворот и кој вид на ограничувања ги повлекува. Значи, она Катето не може од притвор да ја врши функцијата која и е дадена. Ни правно, а да не зборуваме за моралниот аспект.

5. Автентично толкување на законот требаше да даде Собранието. Меѓутоа со оглед на тоа дека Собранието претставува збирштина од неписмени и полуписмени партиски извршители (кои имаат неверојатно развиен сенс за шмукање на пари), ова ниту е направено ниту пак може да даде некој резултат.

Заклучок:

СЈО мора да престане да постои. Републичкиот ЈО мора да ги преземе случаите кои до сега се водат. Изгубени се три години без да бидат променети кадрите во правосудството. Партиите се уште имаат главен збор во правните работи. Неказнивоста на високите функционери во власта и поддржувачите на власта не е системски туку само партиски атакувана и продолжува да претставува базичен проблем на владеењето во Република Северна Македонија како што беше и во Република Македонија.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет