Работник од Балканот опишува како е да се работи во Германија: Ако стигнеш на работа во 5.50 часот веќе е доцна

Објавено на 24.09.2019 во 20:47:33 часот | Македонија

Како всушност изгледа работата во Германија? Тоа сигурно се прашуваат сите во земјава, но и во целиот Балкан кои имаат намера да работат таму.

Некои од вработените таму се задоволни, додека други пак, нагласуваат дека ниту во Германија не е се мед и млеко.

Свое искуство за работата во Германија на интернет изнесува и еден работник од Србија, кој вели дека кај родители во Германија отишол со неполни 20 години, за неколку месеци ги средил сите документи, па преку оглас нашол работа.

Дотогаш краток извесен период работел на црно, пренесува Еспресо.

– Ми беше тешко да станувам за работа во 4.30 часот наутро, но се навикнав. Се работи од 6.00 часот. Ако дојдеш во 5.50 часот веќе е доцна, бидејќи нема да имаш време да се пресоблечеш ниту да се напиеш кафе. Во 6.01 машините веќе се во полн ек со работа како да е 10.00 часот. Од 8.55 до 9.00 се мијат рацете, а од 9.00 до 9.10 е време за појадок. Времето за појадок им паѓа на товар на работодавците. Во 11.55 до 12.00 се мијатрацете, а до 12.30 е време за ручек (тој половина час го обработуваме) – раскажува овој Србин.

Прочитајте и...  Комеморативна седница по повод смртта проф. д-р Томе Груевски

Се додава дека за време на работата некогаш немаат време ниту да се напијат вода, а за да се отиде до тоалет потребно е да се повика замена. Сепак одењата во тоалет не се ограничени.

– Кој смета дека не би можел да се навикне на оваа дисциплина нека си остане во својата земја. Условите за работа се екстра, истата температура е и на лето и во зима. Прекувремената работа се плаќа и се најавува неколку дека претходно, а и не е задолжителна, морате да го сработите само она што ви стои во договорот. Кога се работи – се работи, а кога си дома никој не те вознемирува за работа – заклучува човекот од Србија.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет