БЕЛИ ЛАВОВИ ОД ФРАНЦИЈА ЌЕ ПРИСТИГНАТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Објавено на 24.09.2019 во 20:58:40 часот | Македонија

БЕЛИ ЛАВОВИ ОД ФРАНЦИЈА ЌЕ ПРИСТИГНАТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Станува збор за мажјак и женка кои имаат една година.(Фото: Зоолошка градина)

За прв од постоењето,  скопската Зоолошка градина ќе биде дом на бели лавови. Директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски постигнал договор со градина од Франција, да донираат бели лавови, кои се редок вид и малку Зоолошки од регионот можат да се пофалат дека ги имаат овие животни. Станува збор за мажјак и женка кои имаат една година.

„Белите лавови се редок вид. Атрактивни се за посетителите и нашата клима им одговара. Во преговори сме во иднина дополнително да ја зголемиме колонијата на бели животни со тоа што скопската Зоолошка градина ќе биде дом и на бели тигри и бели волци“, вели директорот Галетановски.

За новите животни во градината ќе биде направено живеалиште според сите светски стандарди.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет