Костадинов: Дали донациите на Орце Камчев за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ се неколку стотици илјади евра?!

Објавено на 26.09.2019 во 22:49:29 часот | Македонија

Дали тајкунот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за престедателските избори?, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Нема одговор ниту на прашањето, дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите се нотирани во нивниот Финансиски извештај?

Молчи Мицкоски, молчи и Игор Јанушев кој како генерален секретар е потписник на сметката.

Молкот на Мицкоски и Јанушев отвора сериозни и оправдани сомнежи во јавноста. За да ги охрабриме, да излезат и да одговорат пред граѓаните, ги прашуваме:

Дали донациите на Орце Камчев се неколку стотици илијади евра? Ако Камчев ја финансирал кампањата со стотици илјади евра, а тоа не е заведено во финансискиот Извештај, тогаш се отвора простор за индиции за сериозно кривично дело, нелегално финансирање на изборна кампања.

Дали ова директно го поврзува Мицкоски со случајот „Рекет“ и дали можеби ова е мотивот, зошто тој толку посветено го брани тајкунот на режимот, Камчев?“, додаде Костадинов.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет