Заев: Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на тимот Ангела Меркел

Објавено на 27.09.2019 во 00:06:47 часот | Македонија

Вечерва добивме прекрасна вест од Берлин. Бундестагот со огромно мнозинство даде поддршка за ЕУ да ги започне преговорите за членство со Северна Македонија.

Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел. 🇲🇰🇩🇪 – напиша на фејсбук премиерот Зоран Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет