БОМБА НА ЗАЕВ: Се ќе биде појасно и за граѓаните и за државата по второто сведочење на Верушевски кое ќе биде за неколку денови, на 10-ти октомври

Објавено на 29.09.2019 во 15:42:59 часот | Македонија

Глас на Америка: Во неодамнешното сведочење, поранешниот разузнавач Верушевски рече дека материјалите од прислушуваните разговори биле модифицирани и манипулирани. Што се случувало?

Заев: Јас имам, буквално, на дневна основа разговори со моите советници, така и со советникот за национална безбедност, господинот Верушевски. Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање. Тој во својата разочараност за ова што се случи во Специјалното обвинителство, конвергира на ваквите зборови и употреба. Секако, автентичноста на разговорите никој ја нема оспорено од сите обвинети лица во судот. Форензиката ги потврди разговорите и, прво, да нема дилема за никој во функција на тоа. И, втората дилема, којашто се јавува овде, како тоа господата Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски дале информација дека материјалите се предадени на Верушевски, а Верушевски вели, на Социјал демократскиот сојуз, вистината е иста. Тие се предадени на Социјал демократскиот сојуз, но задолжено лице во СДСМ е шефот на Комисијата за безбедносни политики на СДСМ, Зоран Верушевски. Така што, тој го гледа повеќе формалниот аспект. Да оставиме вториот дел, на 10 октомври, кога е продолжението на испрашувањето на господинот Верушевски во својство на сведок, да биде сè јасно за граѓаните и за државата.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет