ДЕМАНТ: КАНАЛ 5 ТЕЛЕВИЗИЈА НЕ ЈА РЕКЕТИРА ВЛАДАТА И НЕ РАБОТИ СО ЗАГУБА!

Објавено на 01.10.2019 во 14:49:05 часот | Македонија

Мктел и се извинува на Канал 5 телевизија. Немавме намера да наштетиме. Само анализиравме во колумна.

Факт е дека Канал 5 Телевизија беше во судски процес  за голема сума на пари со советникот на Заев за култура, Цветанка Ласкова.

Факт е дека уредникот на Канал 5 Телевизија на брифинг средба со премиерот барал владата да ги плати патувањата во странство на новинарите.

Факт е дека во неколку интервјуа новинари и уредници на Канал 5 бараа владата да формира фонд за помош на медиумите.

Факт е дека Канал 5 Телевизија е многу блиска со новинарот Бранко Геровски кој од премиерот е означен за човек кој сака да ја сруши владата. Бранко Геровски е редовно присутен во многу емисии на Канал 5 телевизија.

Сега на денот кога добивме датум од Германија, во ударен термин гостин е Владе Милчин кој ја масакрира владата со цел да се спречи еуфорија во јавноста со што се наштетува на владата.

Сето тоа дава еден логичен заклучок дека Канал 5 можеби е дел од проект за рушење на владата на Заев, но за тоа немаме докази, затоа во реченицата за која Канал 5 бара извинување има еден збор КАКО, значи изгледа КАКО да Канал 5 ја рекетира владата, но не велиме со сигурност дека тоа е така.

Се извинуваме што така сте ја разбрале нашата колумна и што можеби дел од јавноста ја разбрала таа наша колумна.

Наша работа како аналитичари и колумнисти е да анализираме и поставуваме прашања, ерата на МОЛК заврши, сега се други времиња и Канал 5 треба да се навикне на тие нови демократски времиња.

Ние анализираме врз основа на факти и вадиме од тоа заклучоци, не измислуваме факти. 

Ние не измислуваме дека Владе Милчин беше на емисија во Канал 5 на денот кога добивме датум од Германија за да наместо еуфорија шири дефетизам и незадоволство.

Ние не измислуваме дека Бранко Геровски е редовно на Канал 5 од каде ја плука владата и премиерот го означи за еден од луѓето кои сакаат да ја срушат владата.

Ние не измислуваме дека Канал 5 беше долго време во судски спор со најблисок советник на премиерот за голема сума на пари поради што беше блокирана и сметката на Канал 5.

Ние не измислуваме дека уредник на Канал 5 барал од владата финансиска помош. Сето тоа се факти. Ние само потоа вадиме можен заклучок но нагласуваме дека сепак не сме сигурни, но нудиме на јавноста можен одговор за тоа што се случува во земјава.

Работата на новинарите не е само да известуваат за факти туку и да анализираат, едуцираат, итн...

 

 

loading...

 

Македонија

Свет