ДОЛГОТО РАЧЕ НА ВМРО ФАТЕНО НА ДЕЛО: УКРАЛЕ 1 МИЛИОН ЕВРА ОД КАСАТА НА ДБК - ЕДЕН ЈА ПРИЗНА ВИНАТА, ДРУГИТЕ СЕ ПРАВАТ НЕВИНИ!

Објавено на 02.10.2019 во 09:54:50 часот | Македонија

Во кривичниот суд во Скопје утрово почна судењето против четворица вработени во УБК за злоупореби со спецкасата. Обвинителката Ивана Трајчева во воведниот говор рече: „Обвинетите ги уништиле евиденциите за потрошени парични средства односно главните книги, без посебно одобрение од директорот, без формирање комисија за ништењe и без записници”, пренесува А1он.

Обвинетиот Петре Пешовски како ексглавен оперативен работник во УБК, по воведниот говор на Трајчева, призна вина: „Виновен сум. Така ми беше наложено“.

За него, како што рече судијата Владимир Туфегџиќ, постапката се раздвои и го поучи за имотно-правното побарување во предметот.

Обвинетиот Тони Јакимовски како што рече дека за жал не се пронаѓа во обвинението.

„Не се чувствувам виновен“, рече Јакимовски.

Неговиот поранешен колега, обвинетиот Стево Маџовски, рече дека го разбрал обвинението и кажа дека не е виновен, а истото го кажа и обвинетата Кристина Јосифовска.

Покрај Пешовски обвинети се уште тројца поранешни вработени во УБК, Тони Јакимовски, Стево Маџовски и Кристина Јосифовска, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за злоупотребени пари од над 820 илјади евра.

Во временскиот период од 2007 до 2017 година, во 172 наврати за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите.

Без да имаат посебно одобрение од директорот на Управата, без да биде формирана омисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата. Со ваквите дејствија го оштетиле државниот буџет.

Видео – А1он

 

 

loading...

 

Македонија

Свет