ЕКО ФАНАТИЦИТЕ ПОБЕДИЈА - ИЗБРКАНА ПОЛА МИЛИЈАРДА ЕВРА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ОТВОРИ 1000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Бектеши ја потпишал одлуката за раскинување на договорот за рудникот Иловица

Објавено на 02.10.2019 во 11:44:31 часот | Македонија

Mинистерот за економија Крешник Бектеши изјави дека лично го потпишал документот со кој пред влада ќе се бара одлука за раскинување на договорот за експлоатација на рудникот Иловица – Штука, откако Второстепената комисија одлучи тој да се раскине.

– Одлуката е конечнма и ние како Министерство постапивме по неа. Вчера ја потпишав одлуката за едностран раскин на договорот за Иловица и сега оди пред соодветните комисии и пред влада, каде што треба да се расправа и донесе соодветна одлука – рече Бектеши.

Бектеши рече дека внимателно ги следат сите законски процедури и се подготвени на секој можен чекор од страна на компанијата „Еуромакс“.

– Внимателно ги следиме сите процедури, се со цел да не ја ставиме државата во незгодна ситуација и да ја одведе на Арбитражен суд – рече Бектеши.

Останува уште Владата да донесе одлука за предвремено раскинување на договорот.

Инаку за инвестицијата еве што требаше да се реализира:

Рудникот „Иловица“ е уште еден голем реализиран проект на Владата за привлекување на нови инвеститори во Република Македонија, за привлекување на нови работни места и за намалување на невработеноста, рече претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев во одговор на пратеничко прашање.

За инвеститорот Евромакс Конзорциум, Димитриев рече дека се работи за исклучително квалитетен инвеститор, кој, како што рече, многу вложил во делот на истрагите во реонот на општина Босилово.

Резултатите од истрагите покажуваат дека таму има исплатливост да се инвестира во нов рудник за бакар и злато и од неодамна веќе е донесена одлука за инвестирање на овој рудник кој што е една од најголемите инвестиции во Југо – источна Европа во оваа дејност, рече тој.

Во рамки на инвестицијата, како што информира Димитриев ќе бидат вложени 500 милиони евра во подготовка и стартување на новиот рудник.

Информиран сум од Конзорциумот дека годинава од  септември, октомври ќе започнат со градежните активности, а во октомври, ноемри ќе почнат со етапно ангажирање на нови работници кои што ќе работат во рудникот, рече тој.

Отварањето на рудникот во полн капацитет, како што посочи премиерот, ќе значи 600 нови врабoтувања за подолг период. Во рамки на градежните активности во рудникот ќе има 1.000 нови вработувања. Овие лица ќе работат на изградбата и подготвителните активности на отворањето на новиот капацитет.

Од страна на инвеститорот планирани се посебни обуки за вработените, максимални и професионални стандарди во делот на работрењето од сите аспекти, од аспект на безбедност при работа, од аспект на екологија, од аспект на финансиски и економски политики кои што значат квалитетни плати и бенефити за вработените, рече Димитриев.

Во однос на шпекулациите за одредено негативно влијание на отворањето на овој рудник врз животната средина Димитриев потенцира дека вакви крупни инвестиции и дури и помали согласно нашето законодавство се прават со строго пропишани правила и процедури, меѓу кои една од најважните е и влијанието врз животната средина.

Согласно нашите закони инвеститорот е должен до Министерството за животна средина да достави елаборат за влијание и за оценка на влијанијата на животната средина од страна на Евромакс конзорциумот е доставен елаборат на кој имаат работено експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“, ангажирани се и домашни компании, УХМР и други институции кои имаат допирни точки со работењето на овој рудник и неговото влијание на животната средина, рече тој и додаде дек во изработката на студијата исто така биле вклучени и повеќе странски компании, кои имаат искуство со работење на вакви студии во други рудници.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет